Ако некогаш сте јаделе домашно приготвена сардина, тогаш сигурно знаете колку многу е вкусна и неспоредливо подобра од онаа во конзервите.

Според овој рецепт може да приготвите било каква сина риба, а и било каква риба воопшто. Овој рецепт е стар со векови. Рибарите на Сицилија или Венеција на овој начин ја конзервирале рибата, уште многу пред да ги измислат фрижидерите и замрзнувачите.

Во фрижидер на овој начин, сардината може да остане и до 15 дена, но јас не би знаела ова да ви го потврдам, бидејќи ние дома многу брзо ја изедуваме.

Потребни состојки: 1 кг сардина (или друга сина риба), 1 голема главица кромид, 2-3 чешниња лук, 300 мл маслиново масло, 200 мл вински оцет, ловоров лист, рузмарин, сол, шеќер

Постапка: исчистете ја рибата и испржете ја на многу малку масло или на скара. Најдобро е на нелеплива тава само малку премачкана со маслиново масло. Се запекува по 5 минути од секоја страна, а потоа се подготвува саламурата.

За саламура: на маслиново масло испржете го кромидот исечкан на полукругови, на тивок оган колку да овене, но не и да пожолти. Додајте го и лукчето ситно исечкано.

Потоа додајте ги зачините, сол и шеќер по вкус и оставете малку да се готви додека да исчезне мирисот на оцетот.

Кога саламурата ќе излади, прелијте ја преку рибата, целата да биде прекриена, па оставете ја неколку часови во фрижидер, а најдобро до следниот ден за да се измешаат вкусовите. Може да додавате и свои зачини по вкус, нема да погрешите.

Фотографија и рецепт на Александра Босиоциќ Дроњиќ