Чајот од бел слез помага при кашлица, бронхитис, а се препорачува и при бронхијална астма.

Се користи и за лекување на воспалено дебело црево, дијареа и повраќање кај возрасни и деца.

Ја смирува слузокожата на желудникот, особено во комбинација со камилица. Не е штетен ниту за бебињата, па честопати со овој чај им се испира носето кога им е затнато.

Се приготвува така што исечканиот корен се кисне околу два часа во ладна вода, за да може слузта целосно да се екстрахира.
Чајот потоа се процедува и се пие неколку пати дневно, а по желба може малку да се загрее.

Коренот од бел слез никако не смее да се вари, бидејќи тогаш се одвојува скроб, па напитокот станува густ матен. Слуз во коренот има најмногу во октомври.

Во народната медицина се користат и облози кои се делотворни кај сите видови кожни и поткожни чиреви, како и воспаление на очи. Се лекуваат изгореници, а ефикасно се ублажува и болката.

Рецепт: ситно рендан корен од бел слез се меша со мед, па кашестата смеса се нанесува на ленена ткаенина и се нанесува на проблематичното место. Се менува на два до три часа.

СИРУП ЗА ДОЛГОТРАЈНА КАШЛИЦА

При белодробни проблеми се препорачува сируп од бел слез, кој е особено делотворен за деца.

Потребни состојки:

2 лимони
200 г шеќер
2 лажици сува жалфија
2 лажици анасон
2 лажици бел слез
2 лажици ленено семе

Постапка:

Лимонот добро се мие и се сечка на коцки заедно со кората, се става на оган заедно со шеќерот и билките, се прелива со 200 мл вода и се вари 20-тина минути.
Потоа се трга од рингла и се остава да излади, па се процедува низ густа газа. Сирупот се зема три лажички дневно.

КОРЕН ОД СЛЕЗ ЗА ДОЛГОТРАЈНА КАШЛИЦА: две лажици корен од слез се преливаат со 250 мл вода. Оставете поклопено неколку часови , најмалку 5, за да се создаде доволно слуз. Малку загрејте па процедете.

Додадете мед и лимон. Пијте трипати на ден. Може да се користи и како капки за затнат нос.

Меѓу лековитите чаеви, слезот има посебно место во домашната аптека. Белиот е повеќе застапен, бидејќи одамна се користи за одбрана од различни болести.

Одличен борец против вируси и настинки, олеснува искашлување, ублажува симптоми на астма и го јакне имунитетот.

Иако целата билка е лековита, сепак лековитите состојки најмногу се сконцентрирани во коренот. Оној кој е изваден првата година – е најефикасен бидејќи содржи најмногу слуз.

Подоцна се задебелува и станува потврд, па така и помалку квалитетен.
Прво се лупи и суши на температура од 60 до 70 степени за да не потемне, па потоа се сечка.