„Поминати се повеќе од 20 години откога знам за боровиот мед, а рецептот ми го откри еден служител на манастирот во Матка. Тој го приготвувал медот години наназад, а се покажал како многу ефикасен за лекување на белодробни болести.




За овој природен препарат се заинтересирале и лекарите од болницата Козле, па дури и тие почнале да го прават. Еден ден му се сонило дека мора неколку години да служи „во тој и тој“ манастир.

Сонот бил премногу реален, а некои настани што му се случиле во животот го увериле во претскажанието. Со силна верба во Бога, тој си дал отказ од работа (своевремено, тоа била добра позиција со висока плата) и заминал во манастирот да му служи на Бога.




Јас бев чест посетител на тој манастир и токму таму го запознав овој ведар човек. Најпрво ме плени изгледот на градината во самиот манастир, па така открив дека служителот е заслужен за целиот тој „версајски“ раскош на вегетацијата.




Беше многу интерсно да се разговара со овој човек, па преку него дознав многу за Матка, за самиот манастир, за неговиот личен живот и неговиот подвиг. Од него го добив и рецептот за приготвување на боров сируп“, раскажува читателка за НМД.

За лековитоста на боровите иглички е познато одамна. Тие се богати со витамин Ц кој во синергија со другите материи има способност да го зајакне имунолошкиот систем, да го прочисти организмот и да му даде сила и енергија на телото.




Оваа комбинација особено поволно влијае врз здравјето на респираторниот тракт, ги yблажуваат бoлките во мускулите и зглобовите. Младите иглички од врвовите на боровите гранчиња може да се додаваат дури и во салатите, односно свежи да се конcyмираат.




Во зависност од годината, тие се берат некаде од април до јуни месец. Должината треба да биде максимум 5 см, идеално околу 3 см и да бидат со светло зелена боја, што значи дека се млади. Внимателно се потсекуваат со ножици или се поткршуваат, но секогаш само по неколку врвчиња од едно дрво, а никогаш цели гранки.




Сепак, на дрвото не смее да му се одземе силата. Истото ова важи и кога се берат младите шишарчиња или поленот. Идеално место за берење е во шума, на некоја планина, што подалеку од патиштата, на сончев и сув ден.

Има повеќе рецепти за приготвување на боров сируп, а наједноставниот е да се нареди во теглата ред шеќер, ред борови иглички и да се остави теглата на сонце додека целосно да се растопи шеќерот и да се претвори во сируп. Повремено се протресува и се отвора за да се провери состојбата. Рецепт за сируп стар 100 години:




Потребни состојки: млади борови иглички, шеќер и органски лимони. ПОСТАПКА: Исплакнете ги врвовите и оставете ги да се исцедат и да се исушат од влагата. Во поголема тегла ставете слој од врвови од околу 3 см. Посипете со слој од 1,5 см шеќер, ставете тркалца лимон и повторете ја оваа постапка додека теглата да се наполни (завршете со слој шеќер).




Нежно притиснете, покријте го со целофан и прицврстете го со ластик. Ставете ја теглата на сончево место, по можност на прозорец најмалку 3 недели. Сирупот процедете го низ газа во тегли. Затворете и чувајте го во фрижидер.

Овој сируп е добар и за децата (со конcyлтација на лекар), бидејќи има пријатен сладок вкус. Користете 1-3 лажици за кашлица и настинка, а можете да го додавате и во чајот. Една кафена лажичка дневно делува како превенција од настинка, го зајакнува имунолошкиот систем и помага за заздравување.




Домашниот сируп од бор ги ублажува симптомите на ревматизам, болки во екстремитетите и мускулите, а се грижи и за отстранување на токcичните материи од телото. Може да се користи и за палачинки или на парче леб. А еве како се приготвува „мед“ од борови иглички:

Потребни состојки: 500 г борови иглички, 500 мл вода, 500 г шеќер, 1 голем лимон, 1 лажиче сок од лимон. ПОСТАПКА: Исплакнете ги врвовите, ставете ги во тенџере и прелијте ги со ладна вода, па ставете на оган и откако ќе зоврие, намалете ја температурата на умерено и варете ги 20-30 минути.




Тргнете го тенџерето настрана да подизлади, па се додаваат тркалца лимон и се остава покриено со газа да отстои најмалку 24 часа. Следниот ден процедете ја течноста. Темелно исцедете ги боровите иглички, додајте шеќер и варете на тивок оган додека да се формира густа медена маса.

Додајте го сокот од лимон. По ладењето „медот“ малку се згуснува. Ова не е пчелин мед, но поради лековитоста и сличната конзистентност, се нарекува мед и погуст е од сирупот. Додека сè уште е топол се складира во стерилизирани стаклени тегли, добро се затвораат и се превртуваат за да се вкумираат. Откако ќе се оладат на собна температура, можете да ги чувате во фрижидер.