Рецепт на свекрва ми за најубавата пита само 10 минути – за да ги изненадите домашните, а може да ја послужите и за прослави, брза подготовка. ,,Здраво драги мои после толку различни рецепти за пита со сирење на мојот канал можам да ви кажам дека оваа пита е број еден за мене.”




„Брза подготовка, лесна за правење за да може секој да ја направи за само 10 минути и да добие голема, сочна пита како сунѓер. Рецептот за оваа пита го имам повеќе од 18 години од свекрва ми, оттогаш секогаш го правам, за сите веселби и кога брзам и немам време да подготвам ручек.




Уште се вика „плисирка“ или „хармоника“ како што ја нарекуваат другите. Толку многу е вкусна што домашните си мислат дека ја правам со домашни кори, а всушност се прави со купечки, тенки кори за пита“, вели Сања.




Потребни состојки: 2 пакувања кори за пита и гибаници, 6 јајца, 400 г сирење, малку сол, 200 мл јогурт, 30 мл масло, 300 г кисело млеко или павлака, 250 мл газирана вода, сусам.




Постапка: Во подлабок сад скршете ги јајцата. Како што забележавте оваа пита содржи многу јајца, но тоа е затоа што така е повкусна, а што повеќе јајца има толку попуфнаста ќе биде на вкус.




Додајте сосема малку сол, а доколку сирењето кое го користите не е солено, тогаш може да додадете уште, но внимавајте да не пресолите. Потоа додајте го издробеното сирење, јогуртот и маслото.




Малку промешајте, па додајте го киселото млеко. Смесата треба да биде многу ретка, скоро водлеста, па затоа на крајот се прелива со газирана вода. Притоа, газираната вода дополнително ќе ја направи оваа пита мека и воздушеста, и затоа не треба да додавате прашок за печиво.




На крај додајте ја газираната вода и соединете во еднолична смеса. Во еден голем плех со димензии 30х40 см започнете да ги редите корите, но не една врз друга туку една до друга извиткани како хармоника, како што е прикажано на сликата.




Така ги редите корите (првото пакување) и потоа одозгора преливате со филот. Од филот ставате врз корите и помеѓу нив за да бидат многу сочни. Потоа со виљушка распоредувате онаму каде што останало суво и не стигнал филот.




И корите ги стеснувате една до друга за да може да го наредите и второто пакување исто како првото. Ја редите и втората половина додека да се наполни плехот. Одозгора преливате со останатиот фил и со виљушка распоредувате и ги собирате корите една до друга.




Филот кој ви останал за на крај се прелива преку целата пита, се наросува со сусам и питата се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Јас наросувам доста сусам бидејќи така излегува уште повкусна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.