Овој рецепт е замена за познатата торта Тирамису која е многу едноставна. Тортата се приготвува без јајца и маргарин, а многу е вкусна.

Доколку немате јајца, направете ја оваа торта која го заменува Тирамисуто. Направете си неодолива мешавина од крем, малку шеќер, ванила и пишкоти за која сите ќе зборуваат и ќе ве прашуваат за рецепт.

Како бонус рецепт, прочитајте ја втората опција за тортата со пишкоти и банани, кремот е многу сличен на Тирамису кремот, но е без јајца. Сѐ е готово за 10 минути, а потоа се става на ладење во фрижидер. Рецепт на „Cookrate – cakes“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пишкоти (1 пакување), 150 мл кафе, 250 мл неутрален крем за готвење, 300 мл млеко, 100 г шеќер во прав, 1 пакување ванилин шеќер, 2 кесички крем со вкус на ванила (во прав), какао.

ПОСТАПКА: Подгответе си плех со флексибилен обрач со димензии 23х30 см. Обложете го со стреч-фолија. Измешајте го кафето во 150 мл топла вода (најдобро е да користите инстант кафе) за натопување на пишкотите. Наредете еден слој пишкоти на дното од плехот.

ЗА КРЕМОТ: Во подлабок сад сипете 1 часа неутрален крем за готвење, па измиксајте го во цврст крем-пена. Постепено сипете 300 мл топло млеко, измиксајте повторно накратко, па додајте 100 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер и 2 кесички крем во прав со вкус на ванила (како за пудинг).

Измиксајте во цврст крем кој лесно ќе се разлева. Сипете преку првиот слој бисквити и израмнете го кремот со шпатула. Врз кремот се прават резови со виљушка. Вака подготвената торта завиткајте ја со стреч фолија и ставете ја во фрижидер најмалку 2 часа. Пред послужување се наросува со какао.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Тирамису со банана) – 200 мл млеко, 200 г пишкоти (1 пакување), 550 мл неутрален крем за готвење или кисела павлака, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г шеќер во прав, 1-2 банани, какао за наросување.

ПОСТАПКА: Во стандарден правоаголен плех наредете ги бисквитите, претходно натопувани во млако млеко. Кремот измиксајте го во цврст шлаг-пена, па додајте 1 кесичка ванилин шеќер и 200 г шеќер во прав. Измиксајте додека смесата да стане хомогена, а шеќерот добро да се растопи во кремот.

Излејте го кремот преку првиот слој пишкоти и добро распоредете го и измазнете го. Исечкајте 1-2 банани на тенки кругови и наредете ги врз кремот. Покријте со уште еден слој бисквити натопени во млеко. Тортата се остава да отстои 1-2 часа во фрижидер, а пред послужување се наросува со какао. Деталите за двата рецепти погледнете ги ОВДЕ.