Оваа пита можете често да ја приготвувате, бидејќи освен што е многу вкусна и заситна, исто така е многу здрава. Се подготвува многу брзо и лесно, само се мешаат сите состојки, а потоа од тестото се кинат парчиња кои се полнат со фил, и на крај се става на печење.





Не ви е потребна оклагија ниту да чекате тестото да стасува, питата е готова за неколку минути, така што не треба неколку часови однапред да ја подготвувате, туку на пример половина час пред да сакате да биде готов ручекот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажиче шеќер, 1 лажиче сув квасец, 600 мл вода (или 3 чаши по 200 мл), 1 лажиче сол, 6 чаши брашно (или по потреба), 100 г путер, 200 мл масло (1 чаша), фета или некое друго сирење по ваш вкус, 1 јајце, сусам, црн и бел за наросување.




ПОСТАПКА: тестото замесете го така што прво ќе ги соедините квасецот и шеќерот. Додајте 3 чаши вода на собна температура и измешајте со шпатула додека квасецот да почне да набубрува. Потоа додајте 1 лажиче сол и на крај се додава брашното, на двапати.




Замесете го тестото прво со шпатула, а кога мешањето ќе стане тешко бидејќи ќе почнат да се формираат поголеми парчиња тесто, преминете на месење со раце. Префрлете го тестото на набрашнета работна површина и домесете го додека да стане мазно, компактно и да не се лепи на прстите.




Потоа развлечете го со раце во форма на подебел валјак и од него исечете 15 парчиња. Секое парче формирајте го цилиндрично, како што е прикажано на фотографијата подолу. Во еден огноотпорен сад или подлабока чинија ставете 100 г растопен путер и 100 мл масло.




Тестата започнете да ги редите во садот, а потоа покријте го со најлонска фолија и оставете тестото да одмори 20 минути. По изминатото време, убаво намастете ги тестата од сите страни и започнете едно по едно да развлекувате со помош на прстите.




Тестото ќе биде толку еластично што сами ќе забележите како се развлекува, а вие ќе вложувате малку напор во тоа. Кога ќе го развлечете најмногу што можете, на едниот крај започнете да редите дробено сирење во еден ред, а потоа како ролат завиткајте го почнувајќи од крајот каде што е сирењето.




Вака пригответе ги сите останати теста додека да ги потрошите, а потоа во кружен плех започнете од средина да ги извртувате лентите додека да ја исполните целата тепсија. Оваа вртена пита има навистина предобар вкус особено ако ја премачкате со 1 јајце и наросите со бел и црн сусам веднаш пред да ставите на печење.




Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека да зарумени одозгора и да се испече одвнатре. Забелешка: доколку сирењето кое што го користите не е солено, може претходно да го издробите и да го посолите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.