Еден човек од Јапонија напишал книга за тоа како изгубил 18 килограми благодарение на бананите.

Доколку сакате да ја пробате оваа диета, најважно е бананите да ги консумирате со топла вода. Оваа комбинација го забрзува метаболизмот. За појадок се јадат две банани и се пие чаша млака вода, повеќе топла отколку ладна.

Другите оброци се по ваш избор, важно е да не вечерате после 18, односно 20 часот, во зависност од вашиот распоред на денот. Најмалку 3-4 часа пред спиење да не јадете.

Помеѓу оброците треба да се јаде банана и да се залее со топла вода.

Пожелно би било да ги исклучите слатките и да ги замените со банани и млака вода, и нормално, да пиете најмалку 2 литри вода дневно.

ИНФО:

Оваа диета уште е позната како Аса-банана, а потекнува од маж и жена од Јапонија: Сумико Ватанабе која е фармацевт и експерт за превентивни лекови, и нејзиниот сопруг хамачи кој студирал традиционална кинеска медицина и советник на Јапонската Академија за нега на телото.

Според нивниот план, потребно е да си легнувате на спиење пред полноќ, бидејќи сугерираат од важноста на добриот и квалитетен сон за здравјето на телото.

Нивната цел е да се подигне свеста кај луѓето од важноста за консумирање на овошје, па така освен банана, може да јадете и друго овошје на истиот начин. Тие советуваат исто така, дека доколку почувствувате глад откако сте ја изеле бананата, да почекате 15-20 минути, па повторно да изедете уште една.