Home зимница Рецептот на баба ми за највкусниот ајвар

Рецептот на баба ми за највкусниот ајвар

Рецепт за врвен македонски ајвар

Ајварот е традиционално македонско јадење чиј богат вкус и арома го прават незаменлив дел од домашната кујна.

Овој рецепт ќе ви помогне да подготвите автентичен ајвар со совршена текстура и вкус, кој ќе ги воодушеви сите љубители на оваа специјалност, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 10 кг црвена пиперка
– 3 големи модри патлиџани
– 5 дл масло
– Сол по вкус
– 1 голема лажица шеќер
– НМД

Постапка:

1. Испечете ги пиперките на плотна или во рерна. Веднаш по печењето, ставете ги во пластични кеси неколку минути за да омекнат, што ќе го олесни лупењето.

Откако малку ќе се изладат, излупете ги пиперките, отстранете ги семките и оставете ги да се цедат во големо цедило или на мрежеста подлога подигната од површината најмалку 3 часа за да се исцеди вишокот течност.

2. Модрите патлиџани испечете ги, па на ист начин како пиперките ставете ги во пластични кеси, излупете ги и оставете ги да се цедат.

3. Исцедените пиперки и модри патлиџани сомелете ги на рачна машина за мелење месо. Смесата префрлете ја во голем сад и ставете ја да се готви на тивок оган.

4. За време на готвењето, смесата постојано мешајте ја. Маслото додавајте го постепено, по 1 дл на секои 20 минути, при што продолжете со мешање за маслото да не избие на површината.

За да проверите дали ајварот е готов, поминете со дрвена лажица по дното на садот – ако се формира патека и се гледа дното, ајварот е готов. Солта и шеќерот додајте ги во последните 20 минути од готвењето.

5. Додека ајварот се готви, подгответе ги теглите. Исчистените тегли загрејте ги во рерна на 50 степени. Топлиот ајвар ставете го во загреаните тегли, а на врвот од секоја тегла сипете по малку загреано масло.

Затворете ги со капаци, ставете ги во кутија и покријте ги со крпа и ќебе.

6. Оставете ги теглите покриени да се ладат постепено 24 часа, а потоа чувајте ги на ладно и темно место.

Овој ајвар е идеален за уживање со леб, сирење или како додаток на разни јадења. Добар апетит! Прочитајте го и следниот рецепт за ајвар ОВДЕ:

АЈВАР…Рецепт од еден стар МАКЕДОНЕЦ…Навистина, подобар не сум вкусила…Најдобар рецепт!