Сочна раванија – најдобриот рецепт за подготовка на овој колач. Со само неколку состојки добивате совршен гриз колач на трпезата. Лесен за подготовка, а толку е сочен и веднаш сите ми го јадат, почнав да го правам секој втор ден.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл кисело млеко, 1 ќесичка прашок за печиво, 4 јајца, 650 г шеќер, 250 г гриз, 200 г мелени ореви, 50 г ситно сечкани ореви, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 чаши вода.




ПОСТАПКА: во еден сад се става киселото млеко, а потоа се додава прашокот за печиво. Добро се промешува и се остава да отстои 10 минути. Во друг сад се кршат 4 јајца и се матат со миксер. Кога ќе добијат пенаста структура, се додава 150 г шеќер и се продолжува со матење.




Шеќерот се додава постепено, а потоа се додава и 1 кесичка ванилин шеќер, со непрекинато матење со миксерот. Потребно е да се добие кремаста, средно густа смеса слична како онаа за палачинки. Потоа се соединува со киселото млеко. Се додава и гризот и се продолжува да се мати со рачна маталка до соединување.




На крајот се додава 200 г мелени ореви и 50 г ситно сечкани ореви. Повторно се соединува, па смесата се прелива во округла тепсија. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 – 25 минути. За тоа време, во тенџере на рингла се става шеќерот и се прелива со 2 чаши вода. Малку се промешува колку да се растопи шеќерот, па се додава и неколку парчиња сечкан лимон за вкус.




По печењето, колачот се остава целосно да излади, па се избоцкува со чепкалка на неколку места и се сече ромбоидно. Ладниот колач се прелива со врелиот шербет, штотуку подготвен заедно со лимончињата. Врз секој послужен колач се става цел орев. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и вториот рецепт:




(втор рецепт) Македонски сочен колач со гриз, ореви и суво грозје – цела куќа ќе ви мириса прекрасно. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 шолји газирана вода, 5 шолји брашно, 3 шолји масло, 3 шолји пченичен гриз, 1 лажичка цимет, 100 г сечкано суво грозје, 100 г сечкани ореви и 1 кесичка прашок за печиво.

За подготовка на сирупот: 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и 250 мл вода. За наросување: 50 г сечкани ореви или нешто друго за наросување.




ПОСТАПКА: просејте 5 шолји брашно со 1 кесичка прашок за печиво и една лажичка цимет. Додајте три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во подлабок сад. Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па прелијте 5 шолји газирана вода и 3 шолји масло.




Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата. Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плех со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата.




Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35 – 40 минути во претходно загреана рерна. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади. Во меѓувреме направете го сирупот:




Сварете 250 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3 – 4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач. Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп. Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен.




Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето. Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот. Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прелиена со сируп.