Ова е неверојатна торта која лесно се приготвува, крцкава е и кремаста истовремено…прекрасна!

Потребни состојки:

650 г издробени чоколадни бисквити

150 г растопен путер

шеќер во прав по потреба

За карамел:

130 г путер

120 мл јаворов сируп

380 г кафеав шеќер

170 мл слатко кондензирано млеко (сварено со шеќер како густ сируп)

100 г сечкани кикирики

за фил:

250 г сечкано црно чоколадо

250 мл слатка павлака

60 г путер

Постапка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во чинија изматете искршени бисквити со путер и 5-7 лажици шеќер во прав. Добиената смеса развлечете ја во кора, ставете ја во плех со должина 20 см, цврсто притиснете и печете 10 минути. Потоа извадете од рерна и оставете да излади.

Карамел: Во еден сад растопете путер на средна температура и промешајте со јаворов сируп и кафеав шеќер. Гответе околу 3 до 4 минути, додека да згусне, па тргнете од рингла.

Измешајте сируп од кондензирано млеко и кикирики, па варете со постојано мешање додека смесата да стане густа и хомогена, изладете и прелијте преку кората и рамномерно распоредете.

Оставете го колачот во фрижидер 30 минути. Во меѓувреме, ставете го чоколадото во чинија. Во шерпа загрејте слатка павлака до вриење, па тргнете од оган пред да проврие, истурете преку чоколадото и мешајте додека да се растопи.

Потоа додадете путер и матете додека да добиете мазна смеса. Кога ќе излади нанесете врз карамел кремот, рамномерно размачкајте и оставете да се стегне во фрижидер околу 2 часа.