РАФАЕЛО топчињата ги правам за 2 минути од 3 состојки и многу се вкусни…Празнични СНЕЖНИ ТОПЧИЊА за мерак, се топат во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 мл кондензирано млеко
120 г мелени бадеми (или лешници)
60 г кокосово брашно

Кондензирано млеко можете да купите од секој поголем маркет, а можете да си го подготвите и сами, за 5 минути. Рецептот за домашно кондензирано млеко можете да го прочитате ОВДЕ:

Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем

Ова е пократката верзија, многу практична, брза и едноставна, а доколку го сакате традиционалниот начин за подоготвка на кондензирано млеко, рецептот можете да го прочитате ОВДЕ:

Згответе обично млеко со шеќер и ќе добиете превкусно кондензирано млеко за вашиот омилен трилече колач

ПОСТАПКА за подготвување на РАФАЕЛО ТОПКИТЕ:

Во подлабок сад помешајте ги сите три состојки додека да добиете изедначена компактна смеса која лесно се обликува со рака.  Кинете од тестото, обликувајте топчиња и валајте ги во кокос.

Толку. Вашите вкусни снежни залчиња се спремни за послужување. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: