Мелба Мибане е 90-годишна продавачка од Тексас и конечно дала отказ од работата во стоковната куќа Дилард, откако таму работела 74 години.

Посветената работничка првпат започнала да работи во таа стоковна куќа како помошник-хостеса во лифт во далечната 1949 година. Во тоа време таа имала само 17 години. После тоа, таа била унапредена на работа во одделот за козметика.

– Иако времињата се менуваат, сè се промени откако таа почна да работи овде до денес, кога светот е многу помодерен, нејзините вредности и доблести сè уште се најважни – коментирал менаџерот на стоковната куќа Џејмс Синц за Fox News.

Мајбејн беше ѕвезда на одделот за козметика, секогаш насмеана и позитивна кон сите што влегуваа. Никогаш не пропуштила ден на работа или била болна.

– Мелба на секое шопинг искуство му дава квалитет што го бараме во светот на луксузот – истакна нејзиниот поранешен шеф. Како што стареела, таа никогаш не отстапувала од својата рутина на време да стигне на работа.

– Секогаш доаѓаше рано на работа, продавницата се отвораше во 10, а доаѓаше нешто по 9, а така навреме си наоѓаше и паркинг – коментирал нејзиниот внук, Тери Мибане.

Таа правела кратки паузи за ручек бидејќи знаела дека луѓето во тоа време доаѓаат да купат што им треба. Не сакала да ја пропушти можноста да ги има тие муштерии, па често останувала подолго и си го кратела времето за ужина, иако во тоа време имала право на пауза.

Дури и во нејзините 70-ти и 80-ти, таа продолжила да работи 40 часа неделно. Во продажбата, се разбира, таа била одлична. Додека многумина работеле само за плата, таа ги охрабрила да видат нешто повеќе во тоа.

Таа нашла радост во својата работа и инспирирала многу други колеги. – Таму сакав сè и самото одење на работа – нагласила таа по пензионирањето.

Шефот додал дека Мелба образувала и бројни вработени за подобро да работат. Но, кога почнале здравствените проблеми, таа морала да се пензионира.

Сепак, нејзината посветеност на компанијата не останала незабележана. Дилард и одржал пензионерска забава каде и бела врачена наградата „Beyond Excellence“ и плакета во чест на „служба над очекувањата“.