Овој колач нема назив, а бидејќи кремот се состои од пудинг, нека се вика пудинг колач. Кората е од какао, кремот од пудинг и одозгора има шлаг. Лесно, брзо и едноставно.

Потребни состојки:

4 јајца
4 лажици ладна вода
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
2 лажици какао
неколку капки екстракт од рум

за крем:

1 пудинг од ванила
250 мл млеко
2 ванилин шеќер
100 г шеќер
200 г путер или маргарин

Декорација: шлаг и рендано чоколадо

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот, па додавајте постепено вода со матење. Додајте ги жолчките едно по едно, а на крај со лажица промешајте ги брашното и какаото, па убаво соединете ги.

Во добиената смеса додајте рум и уште еднаш промешајте, па излејте во намастен и набрашнет плех со димензии 25х35 см. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Измешајте го пудингот со шеќер и ванилин шеќер и малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие. Потоа згответе ја смесата со постојано мешање додека да згусне. Оставете да излади, па измиксајте путер во кој постепено ќе го додадете ладниот пудинг.

Печената кора кога ќе излади премачкајте ја со овој крем и декорирајте ја со шлаг и рендано чоколадо. Оставете го колачот да отстои неколку часови во фрижидер, па сечете и послужете.