Home зимница Прсти да излижеш! Пиперки вкусни како кавијар…Додаток на секоја трпеза за цела...

Прсти да излижеш! Пиперки вкусни како кавијар…Додаток на секоја трпеза за цела година…

Пипер-кавјар за зимница

Пипер-кавијарот е вкусен и ароматичен додаток на секоја трпеза, особено во студените зимски денови.

Овој рецепт комбинира слатка и лута пиперка со зачини и билки, создавајќи богат вкус кој одлично се вклопува со различни јадења.

Подготовката е едноставна, а резултатот е долготрајна зимница што ќе ја збогати вашата кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 4 кг слатка пиперка
– 1 кг лута пиперка
– 1 врзоп магдонос
– 2 главици лук
– 200 мл растително масло
– 100 мл вински оцет
– 2 лажици сол
– 1 лажица шеќер
– НМД

Постапка:

1. Загрејте ја рерната на 230 степени Целзиусови.
2. Измијте ги слатките и лутите пиперки, ставете ги на плех и печете ги во загреаната рерна 15 до 20 минути, додека лушпата почне да се одделува.

3. Испечените пиперки ставете ги во сад, покријте ги и оставете ги да се изладат. Потоа излупете ги и отстранете ги семките.

4. Исчистените пиперки исечкајте ги на помали парчиња.
5. Ситно исечкајте го магдоносот и излупените чешниња лук.

6. Во големо тенџере ставете ги исечканите пиперки, магдоносот и лукот. Додајте го растителното масло, винскиот оцет, солта и шеќерот. Промешајте добро.

7. Ставете го тенџерето на средна топлина и доведете ја смесата до вриење.

8. Откако смесата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете уште 15 минути, повремено мешајќи.

9. Подгответе стерилизирани тегли. Врелата смеса внимателно распоредете ја во теглите, пополнувајќи ги до врв.
10. Теглите цврсто затворете ги со капаци.

11. Завиткајте ги теглите во ќебе и оставете ги да се изладат целосно на собна температура.
12. Чувајте ги теглите на ладно и темно место.

Овој пипер-кавјар е идеален за сервирање со леб, месо или како додаток на главни јадења. Уживајте во неговиот богат вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: