Дојде топлото време, а со доаѓањето на сонцето доаѓаат и мувите, бубачките и инсектите кои го окупираат вашиот станбен простор…

Постои природен начин како да се ослободите од нив, а притоа да не ги загрозите своите деца и миленичиња.

Потребни состојки:

½ чаша шампон

½ чаша растително масло (пожелно е маслиново)

-1/2 чаша оцет

Постапка:

Сите наведени состојки помешајте ги во некое шише со распрскувач и добро протресете. Испрскајте на местата каде често гледате инсекти, а она што е одлично е тоа што оваа мешавина е целосно безбедна за децата и вашите миленичиња…

Започнете уште денес, па ќе забележите дека набрзо мувите, бубашвабите и останатите инсекти ќе исчезнат.