I РЕЦЕПТ: ПРОЈА СО СИРЕЊЕ: топло, вкусно, мириса убаво и после не ве боли стомак ако се прејадете
Потребни состојки: 3 шолји проино брашно (пченкарно), 3 шолји пченично брашно, 3 јајца, 2 шолји масло, 1 шолја млеко, 3 шолји кисела вода, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 3 шолји крупно издробено сирење. За мерење се користи една 1 шолја од 200 мл
Постапка: вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете 3 јајца во сад и изматете ги малку. Додајте една шолја млеко, 2 шолји масло и малску изматете. Додајте 3 шолји кисела вода и малку изматете.
Додајте 3 шолји пченкарно брашно и 3 шолји обично, пченично брашно, па добро промешајте. Додајте прашок за печиво и лажичка сол по вкус и промешајте.
Намастете ја тепсијата, ставете хартија за печење и излејте ја добиената смеса. Наросете 3 шолји крупно дробено сирење преку смесата за проја. Малку избоцкајте со виљушка и ставете да се пече околу 30 до 35 минути.
Кога пројата е печена испрскајте ја малку со вода и прекријте со крпа. После 5 минути пројата е готова и може да се послужи.
II РЕЦЕПТ: ПРОЈА со сирење, мека како душа, сите ќе ви побараат уште едно парче, а потоа и рецепт
Пројата или како што е наречена во овој рецепт, Пројара, е многу вкусна и мека како душа.
Секој што ќе ја проба ќе ви побара рецепт поради феноменалниот вкус и нејзината мекост, што навистина и нема рамна. Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја правите.
Потребни состојки: 1 кисело млеко (200 г), 10 г квасец, ½ прашок за печиво, 200 г тврдо сирење, 2 јајца, 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50-100 мл масло, 1 лажичка сол или по вкус и малку газирана вода за да се замеси (околу 100 мл)
Постапка: Во еден сад ставете две чаши пченкарно брашно и една чаша гриз, измешајте. Додајте две јајца и една чаша кисело млеко.
Посолете по вкус, додајте половина прашок за печиво, квасец малку растворен во вода, половина чаша масло и издробено сирење.
Сите состојки добро измешајте ги и додадете газирана вода за да добиете погуста смеса од онаа за палачинки. Сирењето не мора да биде целосно растопено, туку може да има поголеми парчиња кои ќе се чувствуваат после печењето.
Смесата излејте ја помал плех или калап за торти обложен со хартија за печење. Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу половина час.
III РЕЦЕПТ: Многу вкусна проја – брза и едноставна постапка, мерки на чаша, запишете си го овој рецепт / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ – Проја.
Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.
Потребни состојки: 6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.
Постапка: со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додајте 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина.
Потоа додајте 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).
Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додадете го во претходната смеса и со лажица промешајте. Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см).
Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени. / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ