ПРОФИТЕРОЛ ТОРТА, слична на еклер колачите, но многу покремаста и повкусна. Рецепт на каналот „Сите на Маса“. Многу вкусна торта со голем слој на крем, а толку е лесна за јадење што може да изедете и 3 парчиња без проблем.




Од овој рецепт може да правите и профитерол колачи, но јас овојпат направив торта бидејќи е полесно, а вкусот е идентичен.




Потребни состојки: 200 мл вода, 100 г путер/маргарин, прстофат сол, 1 мала лажичка шеќер, 4 јајца, 130 г брашно, ванила екстракт. За крем: 450 мл ладна блага хопла, 2 големи лажици какао, 2 големи лажици густин, 40 г темно чоколадо, 500 мл млеко и шеќер во прав за наросување.




Постапка: Во тенџере на рингла ставете ја водата и во неа додајте 100 г путер/маргарин. Малку промешајте со шпатула и вклучете ја ринглата на средна температура за да се растопи путерот во водата.




Потоа додајте прстофат сол и 1 мала лажичка шеќер и повторно промешајте, па оставете течноста да зоврие. Во зовриената течност додајте 130 г брашно и мешајте додека се згусне и се формира тесто како топка.




Потоа тргнете го кремот настрана и во друг сад изматете 4 јајца, лесно. Потоа тестото изматете го нежно со миксер на најмала брзина и во него додајте екстракт од ванила. Кога малку ќе се разреди, додавајте ги јајцата малку по малку додека постојано матите со миксерот.




Ако ставате поголеми јајца тогаш додајте 3 во тестото, мене овие ми беа многу, но сепак сите ги додадов. При крајот со додавањето на јајцата, престанав да матам со миксерот и ја мешав смесата со шпатула до соединување.




Потоа при печењето потребно е да ја поделите кората на два еднакви делови бидејќи тортата се прави со 2 кори. Тоа може да го направите на следниов начин: Земете еден плех со средна големина и премачкајте го со малку масло. Одозгора поставете хартија за печење, но малку повеќе исечена отколку што е голем плехот.




На средината малку подвиткајте ја хартијата за да се направи како „ограда“ при печењето на корите за да не се спојат една со друга. Секако, корите може да ги печете и една по една, но овој начин заштедува доста време. Јас не би препорачала да ја печете кората цела, а после да ја пресечете бидејќи има можност да спласне или да се скрши.




Корите добро распоредете ги во плехот и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-тина минути. Потоа намалета ја температурата на 180 степени и печете 5 минути и уште еднаш намалете на 165 степени и печете 10-12 минути. Вкупно 30-35 минути е потребно печење.




По печењето, оставете ги корите настрана да се изладат и подгответе го кремот. Благата хопла ставете ја во подлабок сад и во неа додајте екстракт од ванила. Изматете пенасто со миксер.

Во друг сад додајте го какаото и густинот, а може и малку шеќер доколку користите ептен црно чоколадо. Земете 500 мл млеко и половина од количината ставете да зоврие на рингла. Останатата количина постепено додавајте ја во смесата со какао и густин и мешајте со лажица.

Кога млекото ќе се загрее, прелијте ја чоколадната смеса и со повремено мешање, гответе додека да се згусне. Кога ќе се направи крем, додајте го чоколадото и почекајте да се растопи.

Начин на редење: на тацна на која ќе ја послужите тортата премачакјте со многу малку од белиот крем. Потоа ставете ја првата кора и премачкајте со цела количина од кремот, добро измазнето и во голем слој.

Одозгора ставете ја втората кора и на крајот прелијте со чоколадниот прелив. Ставете во фрижидер малку да се стврдне и пред послужување наросете со шеќер во прав. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.