Проф. д-р Даниловски со најнова прогноза: Колку заразени ќе имаме на 12 април ако нема ригорозни мерки?

Ова е последниот статус на професорот Драган Даниловски со кој прогнозира колкава ќе биде бројката на заразени од корона вирусот во Македонија.

Досега сè што предвиде д-р Даниловски, односно, сите негови прогнози се остварија. Дали ќе се оствари и оваа? Шансите се многу големи, доколку не се воведат порадикални мерки како што тоа го направија во некои други земји.

Проследете го неговиот Фејсбук статус во целост:

Loading...

БЕЗ НАСЛОВ

За жал, во првото полувреме не се прославивме… покажавме дека мнозинството од нас немаме свесност за тоа дека, кога се живее во колектив, колективниот интерес е над индивидуалниот. Дека личните права и слободи задолжително се стеснуваат, кога е загрозен колективниот интерес… овој пат, колективното здравје… без оглед на социјалниот статус, политичка боја, нација…

Сите се најдовме во иста каша. И наместо, поучени од горчливото искуство на Италијаните, сите сложно да ги применувавме првично препорачаните мерки, да се обидевме да го застанеме времето – за миг… дури и здивот да го сопревме – за миг… за да го задушиме натрапникот… ние само одмавнувавме ноншалантно со рака, „ма, грипче обично е тоа“!

Бројките растеа, ама не толку… За потоа мерките да ги заострат. Ние пак по старо…

И конечно се најдовме на почеток на стрмиот дел на експоненцијалната крива. Бројките сега веќе вртоглаво стремат нагоре…

Од денес, Владата воведува уште построги мерки. Конечно радикално ограничување на движењето, контролирано од полицијата, војската…

Се прашувам, зарем навистина се во право оние што понекогаш, онака патем, ќе речеа: „За нас само камшик треба!“ Камшикот не е за заштита од вирусот! За заштита од нас самите е…

Да не е предоцна? Искрено се надевам дека нема да биде…

Во продолжение се дадени два графикони. На првиот е прикажана состојбата кај нас од 26 февруари до 20 март, а на вториот е прогнозата за после 20 дена, под услов да не се преземаат никакви мерки. Истовремено се прикажани и линиите на трендот и на други земји во светот.

Графикон 1. На 20 март, вкупниот број на случаи се искачи на 76. А на 26 февруари имавме само 1 случај… За 24 дена 76 случаи. Растот и кај нас е експоненцијален. Поинаку кажано, се зголемува како снежна топка што станува лавина.

Графикон 2. Со помош на екстраполација на трендот, се добива дека на 12 април би имале околу 900 случаи, (под претпоставка да не се преземаат никакви мерки).

На околу 200 (20%) ќе им треба хоспитализација. А на околу 10 (5%) од нив ќе им биде потребен респиратор.

Внимавајте!
Ова е само до 12 април!
Не сакам ни да помислам за понатаму…

Не е ли и ова доволно да се отрезниме?

Коментар на Ана Македонка:

“Кои мерки? Дали имаше конкретно, јасно и гласно воспоставени мерки, јасни инструкции и јасни санкции за нивно непочитување како во други држави? Колкумина се казнети? Еве јас во Франција недела дена сум дома и не ми ни паѓа на памет да излезам освен набрзина за основни набавки.

Инструкциите се јасни, мора да бидеме сами, не може двајца, казната е 135 евра, мора секој при себе да има изјава под морална и кривична одговсраше дека излегува само во строго определените случаи кои се јасно наведени на документот.

Не смее да бидеме оддалечени од домот односно да правиме набавки на храна на 10-15 км доколку има продавница блиску до местото на живеење. Тоа се јасни инструкции. Кај нас сеуште 5 души може да излегуваат заедно, луѓето слободно се шетаат, нема казни. Па зарем свест очекувате? Ако не знае владата како , нека копира од тие што веќе спровеле мерки и јасни инструкции. Поздрав”

Loading...