Едeн од најубавите колачи досега. Пробавме разни рецепти и секогаш менувавме и додававме нешто, па сфативме дека едноставноста е најубава. Најтешки за приготвување во оваа торта се корите. Останатото е многу едноставно. А, ќе видите дека и тие лесно се приготвуваат…




Потребни ви се неколку состојки и тортата за кратко е готова. За слави, родендени, но и кога ни се јаде нешто благо секогаш оваа торта ми е прва опција. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 3 свежи јајца, 200 г кристален шеќер, 3 лажици мед, 180 г маргарин, 1 лажичка сода бикарбона, 300 г полуостро брашно и 300 г половина меко брашно. ЗА ФИЛ: 400 г кристален шеќер, 1,70 кг 20% неутрална павлака.




ПОСТАПКА: Во еден сад растопете ги маргаринот, шеќерот и медот заедно. Брзо ќе се стопи и потоа додајте една мала лажичка сода бикарбона. Ринглата нека биде вклучена на ниска температура, за да го заштитите медот од голема температура.




Ќе почне лесно да се пени и смесата ќе стане кремаста. Се трга настрана да се излади малку. Смесата не треба да врие, доволно е малку да се растопи и соедини. Во друг сад изматете ги јајцата со миксер, истурете ја смесата од маргаринот, медот и шеќерот, истовремено матејќи со миксерот.




Во оваа смеса додајте го брашното и замесете тесто со рака. Брашно оди 600 грама: 300 грама остро, 300 грама меко. Тестото треба да биде меко. Ставете го во фрижидер да одмори неколку часа, околу 4 часа.




По изминтото време, извадете го тестото од фрижидерот и поделете го на 6 еднакви делови. Тоа ќе биде многу погодно за работа. Како калапи за еднакви кори користете проѕирни кеси за замрзнување со димензии 24х30, 6 кесички, 6 кори.




Откако ќе го ставите тестото во кесата, прво рачно наполнете дел од кесичката, од крај до крај, а потоа со оклагија почнувате нежно дополнително да го цедите тестото, односно да го развлекувате. Овој чекор можеби одзема малку време, но, истовремено може да биде и доста интересен.




Наполнетите кеси треба да стојат во замрзнувач неколку часа за подоцна полесно да се одвои тестото. Извадете ги корите од замрзнувачот, отсечете ги рабовите на кесичките и извадете ги тестата.




Ставете лист хартија за печење на таа „гола“ страна од тестото и потоа превртете го тестото за да се спушти на хартијата. Тестото со хартијата за печење внимателно префрлете го во превртениот плех на рерната.




Секоја кора се пече во загреана рерна на 160 степени околу 8 минути. По печењето се остава кората да се излади. Доколку сакате потемни кори, печете ги минута подолго или по потреба. Сега изматете ги кремот и шеќерот. Не го правете тоа предвреме затоа што тогаш кремот би бил премногу разреден. И веднаш измачкајте ги корите и наредете ги слоевите.

На крајот медовината се посипува со остатоците од исечената кора, но веќе колачот е готов. Така, последниот слој од кремот посипете го со некои пофини бисквити, колку да се убави на око. Колачот МОРА да се излади и кисне 24 часа во фрижидер. Потоа исечете го по желба. Вкусно! / Coolinarka.com