Пробајте го рецептот за слатка пита на Давор Панчевски

Потребни состојки:

  • 400 г кори за пита
  • 250 г путер
  • Прстофат цимет
  • 500 мл млеко
  • 6 жолчки
  • 150 г шеќер

Постапка:

Секоја кора премачкајте ја со растопен путер и згужвајте ја, па превиткајте ја во круг и ставете ја во тавче за печење. Секоја наредна кора редете ја така што ќе добиете круг вртена пита. Преостанатиот дел од путерот полејте го врз корите. Печете во загреана рерна на 170 степени, околу 20 минути.

Во меѓувреме загрејте го млекото на оган, а на страна изматете ги жолчките со шеќер и екстракт од ванила. Врелото млеко полевајте го малку по малку во изматените жолчки со постојано мешање, а потоа целата смеса вратете ја на оган да се готви уште 5 минути.

Овој ванила крем прелијте го врз врелата пита и вратете да се испече уште 20 минути на 170 степени. Наросете шеќер во прав и уживајте.

Претходна статијаДва бамбуса за љубов и среќен брак, три за среќа, пет за здравје а осум за богатство
Следна статијаДомино компирчиња: крцкаво совршенство со прекрасен вкус