Пробајте го овој рецепт за млечни кифлички меки како душа!

Потребни состојки:

 

500 мл топла вода

150 мл (65 г) млеко во прав

12 г сув квасец

800-900 г брашно

50 г шеќер

1 ½ мала лажичка сол

75 г растопен путер

1 јајце

50 г растопен путер за премачкување

 

Постапка:

 

Додадете 150 мл млеко во прав во 500 мл топла вода и растопениот путер. Брашното просејте го па во него додадете го квасецот, шеќер, сол, јајце и топлата вода со млеко и путер.

Замесете фино тесто, на крај додадете малку масло и обликувајте топка. Прекријте и ставете на топло да се удвои волуменот, околу 50-60 минути во зависност од топлината на местото.

Кога тестото ќе го удвои својот волумен, лесно премесете го, побрашнете ја работната површина и истресете го тестото. Развлечете го во кора со димензии 40х45 см, премачкајте ја со растопен путер и исечете правоаголници со димензија 7х15 см.

Секој правоаголник развлечете го малку и завиткајте го во кифла. Редете во тепсија обложена со хартија.

Оставете ги уште околу 30 минути на топло место. Додека кифличките одмораат, загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги 20-тина минути, додека да добијат убава румена боја.

Печените кифлички извадете ги и премачкајте ги со врел растопен путер и оставете ги малку да изладат пред послужување.

Претходна статијаОваа жена открива рецепт кој ја спасил од тумор на матката. Прочитајте како се приготвува!
Следна статијаСлатки тајни од кујната на мајка ми – рецепт за совршен чоколаден куглоф