Овојпат станува збор за еден бјути метод кој во последно време многу често се користи поради неговата докажана ефикасност. брзо, лесно и многу едноставно се изведува и секој може да си го дозволи во домашни услови.
На сите ни е познато дека нема ништо подобро од професионална нега, односно кога вашата кожа ќе ја препуштите во рацете на професионалец, но кога ќе се земе во предвид новонастанатата ситуација со вирусот, но и високите цени на третманот, никогаш не е доста од вакви бјути совети и методи кои секој може сам да си ги спроведе.
За многумина ТикТок е непресушен извор на разни бјути трикови на кои некогаш навистина човек не може да одолее, а да не ги испроба, а некогаш треба да се одбегнуваат по секоја цена. „Направи-сам“ методите од 30 секунди станаа доста по-пуларни, особено во денешно време кога поради брзото темпо на живеење, не секој може да си го дозволу луксозот од тричасовно лежење во бјути салоните.
Најновиот бјути-метод што ги пре-плави социјалните мрежи се однесува на регенеративната моќ на замрзнатата краставица, односно масажа на лицето со истата. Овој трик ќе ви одземе само пет минути, а можете да очекувате ефекти кои траат многу, многу подолго.
Можеби инспирацијата за замрзнатата краставица е претходниот метод од кој многубројни жени беа презадоволни, а тоа е користењето на мразот за намалување на црвенилото и отокот на лицето.
Исто така, не треба да ги заборавиме да ги споменеме и ролерите кои се чуваат во фрижидер или замрзнувач, а се користат за масажа на лицето со истата намена – освежување и тонирање на кожата преку лимфна дренажа, со цел намалување на црвенилото и отоците.
Но, без разлика дали овој метод потекнува од Јапонија (како то сугерираат некои извори), или инспирацијата потекнува од споменатиот мраз и ладни облоги, неважно, она што е важно – е да објасниме како се користи смрзнатата краставица и како делува врз кожата.
КАКО ПОТОЧНО ФУНКЦИОНИРА?
Голем број жени започнаа да користат замрзнати краставици наместо ролери. Хаштагот „FrozenCucumberHack“ има над 12 милиони прегледи, а бројките продолжуваат да растат. Значи, замрзнатата краставица служи за мacaжа на кожата и наводно ги отстранува неправилностите и помага да се осветли темната кожа под очите.
Многу девојки започнаа да ги комбинираат ролерите и смрзнатите краставици, односно прво го ма-сираат лицето со краставица, а потоа третманот го продолжуваат со ролери за постигнување на најоптимален ефект.
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?
Бидејќи содржи 96% вода, краставицата е природен хидратор на кожата. Помага во бор-бата против отечените очни капаци и отокот на лицето воопшто, како и во воспалителните процеси. Ја хидрира кожата, помага во бор-бата против акните и и‘ дава свеж изглед на кожата по само неколку минути масажа.
Кога кругови краставица се ставаат под очите, поради витаминот Ц кожата добива на сјајност, го забрзува производството на колаген и дава свеж изглед. Сепак, кога станува збор за смрзнатата краставица нанесена директно на кожа, треба да се внимава, бидејќи постојат преосетливи типови на кожа кои лесно може да се иритираат. Затоа, претходно пробајте на помал дел од кожа и забележете каква реакција ќе имате.
Не очекувајте веднаш светла кожа по првата мacaжа, но дефинитивно може да се надевате дека ќе ја сми-ри и ќе ги отстрани оние иритирачки црвени дамки. Најоптималната комбинација е мacaжа од 5 до 15 минути, проследена со редовна примена на хидратантна крема и заштитен фактор.
Мacaжата може да биде исто толку пријатна како дел од вечерната нега, пред спиење. Ема Фрис, една од ТикТокерките која го испроба овој метод, наведе дека ги забележала првите промени по 17 дена континуирана мacaжа – неправилностите на нејзиното лице во голема мера се повлекле.