ПРИРОДЕН СОК со вкус на СПРАЈТ ОД БОРОВИ ИГЛИЧКИ…Повкусно, поосвежително и 1.463 пати поздраво…Природен газиран напиток кој веднаш ќе ве освои со неодоливиот вкус…Испробајте го рецептот на Лазо (Лазар Милојевиќ).

Боровите иглички се користат во кинеската медицина веќе илјадници години наназад. Тие се богат извор на витамин Ц и се користат за лекување на бројни тегоби, вклучително и:

-главоболки,
-артритис,
-тендинитис,
-инфекции на уринарен тракт,
-инфекции на усна шуплина,
-псоријаза,
-егзема,
-болки во стомак,
-сите воспалителни процеси и др.

Богати се со антиоксиданти, а имаат и силно изразени антимикробни и антибактериски својства. Покрај витамин Ц, боровите иглички содржат и изобилство на витамин А, К, Е и Д, што значи дека го подобруваат имунолошкиот систем, коскено-зглобниот систем, видот…

Поседуваат одлични детокс-својства, го чистат организмот од токсини и потикнуваат исфрлање на вишок течности.

Боровите иглички ја враќаат енергијата, а особено помагаат при физички и ментален замор. Ја зголемуваат алкалноста на телото, одлични се за мозок, поттикнуваат производство на колаген, а го подобруваат и здравјето на срцето, тироидната жлезда и црниот дроб.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2-3 полни раце борови иглички (исчистени)
2-3 супени лажици шеќер или мед
вода по потреба

ПОСТАПКА:

1.Боровите иглички прво исперете ги со ладна или млака вода (никако врела). Исцедете ги и исушете ги, па отсечете им ги краевите. Ставете ги во чисти, стерилизирани тегли или шишиња.

2.Додајте шеќер или мед, па дополнете со чиста, филтрирана вода (може и обична, но подобро ферментира со филтрирана).

3.Оставете на топло место или собна температура, 3-5 дена. штом забележите меурчиња, вашиот напиток е спремен.

Сипете во чаша со неколку коцки мраз, парчиња лимон и уживајте во освежителниот и лековит вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.tiktok.com/@bog.te.lazo/video/7347795026535058694?_r=1&_t=8lk4Ff2hzmZ