Ова се два народни рецепти за исфрлање на камчиња и песок од бубрезите, најчесто споделувани меѓу луѓето кои даваат сигурни резултати. Првиот содржи лимон, нишадор и глицерин, а вториот лимон, пиво и масло. Пред примена на било кој од народните рецепти, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Талози, песок и камен во бубрезите е состојба која може да премине во болест, а се јавува кога во бубрезите има присутно талози песок и камен. Причини за овие болести се нарушување во размена на материите (метаболизмот), инфекции на мочните патишта и органи, застој на урината (хидронефроза);

Потоа, консумирање на еднолична храна, хормонални пореметувања во организамот, нервози, стресови, пиење на вода со многу варовник, развој на леукемични состојби и слично. Камења, каменчиња, песок во бубрезите најчесто се создаваат во средната животна возраст и се присутни повеќе кај мажите отколку кај жените.

Составот на каменчињата може да биде органски каде основата е холестерол и беланчевини и неоргански, каде основата се урати, фосфати карбонати и сл. Најчесто се мешани состави на пример калциум карбонат и амониум урат и сл.

Може да се лоцирани во горна, средна или долна група на чашките или на влезот на уретерот во самиот уретер и најчесто на последната кривина на уретерот пред влезот во бешиката, каде при помрднување се добива „на пад” изразен со јаки болки, повраќање, гадење, треска , к-рв во урината и сл.

РЕЦЕПТ 1 Потребни состојки: 750 грама чист сок од лимон (2-3 килограми лимони), 10 грама нишадор од аптека и 250 грама глицерин од аптека

Постапка: лимонот се процедува низ газа, состојките се мешаат и се остава да отстои 1 ноќ затворено во стаклено шише, во фрижидер. Се пие на празен стомак наутро, по 1 чашка од ракија, се дури не се испие (25-30 дена). Откако наутро ќе се испие дозата, треба 30 минути да се мирува. Лекот се чува во стаклено шише.

Пред примена на овој народен лек, треба да сте сигурни дека вашите бубрези се во добра здравствена состојба. Не смее да се применува доколку постои некакво воспаление, инфекција или некое друго дегенеративно заболување. Некои земаат и антибиотик во текот на третманот.

РЕЦЕПТ 2

Ако имате камен во бубрег, направете го овој едноставен народен лек и за шест дена исфрлете го каменот. Покрај тоа, целосно ќе ги прочистите бубрезите од песок. 

Многумина кои го пробале овој пририден лек, успеале да се ослободат од овој проблем. Пробајте и вие. Не може да наштети а може да помогне. Сите состојки се природни и здрави, па така овој напиток нема несакани ефекти.

Потребни состојки: 100 мл лимонов сок, 100 мл ладно цедено маслиново масло и 100 мл пиво

Постапка: Сите состојки ставете ги во стаклено шише и добро протресете. Употреба: пијте по 50 мл од напитокот, наутро, на празен стомак. Ефект: ако имате песок во урината, ќе го исфрлите после три-четири дена. 

Ако имате камен или повеќе каменчиња, ќе ги исфрлите за шест дена.

Постојат 4 поголеми групи на камења во бубрегот:

Калциумови камења. Оваа група на бубрежни камења е најзастапена и се состои од две помали подгрупи: калциум оксалатни камења кои се почести и калциум фосфатни камења. Постојат разни причини за појава на калциум оксалатните камења како ниско ниво на pH на урината, високи концентрации на калциум и/или оксалати во урината. Калциум фосфатните камења најчесто се јавуваат поради зголемена концентрација на калциумот во урината и зголемена pH вредност на урината (алкална урина).

Струвитни камења. Овие камења најчесто се јавуваат како резултат на инфекција на уринарниот тракт.

Камења од урична киселина. Се јавуваат поради зголемен ацидитет на урината (pH вредноста на урината е намалена), односно зголемена концентрација на урична киселина во урината.

Цистински камења. Овој тип е најмалку застапен и се јавува при цистинурија. Станува збор за автозомно рецесивно заболување кое се карактеризира со нерастворливост на цистинот (неутрална аминокиселина) во урината и како резултат на тоа се формираат калкули.

Исхрана според типот на бубрежни камења

Во зависност од тоа за која група на бубрежни камења станува збор, се советува соодветен диететски режим како превенција и спречување на нивно повторно создавање

Калциумови камења

Редукција на натриум. За да имате контрола врз количеството на натриум кое секојдневно го внесувате, потребно е пред консумација на одреден производ, да се информирате за неговите нутритивни вредности.

Избегнувајте консумирање на производи кои содржат високо ниво на натриум како што се: брза храна, конзервирана храна, преработена замрзната храна, месни производи и преработки како салама, чајна колабасица, сланина и слично. Исто така, внимавајте на супстанции кои може да содржат „скриен натриум“ како што се: натриум бикарбонат, натриум алгинат, натриум нитрат или нитрит, мононатриум глутамат и др.

Избегнување на животински протеини. Се смета дека протеините од животинско потекло го зголемуваат ризикот за создавање на калциумови камења, бидејќи влијаат на екскрецијата на калциумот и на цитратите (инхибитори на калциум оксалатниот систем, односно спречуваат создавање на калциумови камења) во урината.

Избегнување на храна богата со оксалати. Дел од оксалатите кои се екскретираат во урината се создаваат во телото, но постојат одредени производи кои имаат високи концентрации на оксалати, а со нивно консумирање се зголемува нивото на оксалати во урината. Тука спаѓаат: спанаќот и другите темнолистести зеленчуци, црн чај, кока-кола, чоколадо, јаткасти плодови, кафе и др.

смути од спанаќ

Контрола на количината на калциум. Калциумот којшто се внесува во организмот преку исхраната во нормални количини се смета дека не го зголемува ризикот за создавање на калциум оксалатни камења. Меѓутоа, доколку земате калциум суплементи треба да бидете внимателни, бидејќи може да го зголемите ризикот за формирање на калциум оксалатни камења, особено доколку суплементите не ги земате за време на оброк.

Струвитни камења

Бидејќи овој тип на камења е резултат на присутна бубрежна инфекција, третманот се состои од отстранување на веќе присутните камења во уринарниот систем и лекување на инфекцијата. Засега не е медицински потврдено дека одреден начин на исхрана може да превенира појава на струвитни камења.

Камења од урична киселина

Редукција на внесот на пурини. Јајцата, месото, рибата, а особено внатрешните органи (бубрези, црн дроб, мозок), содржат пурини кои во организмот се разложуваат и како производ се добива урична киселина, која се екскретира преку урината. Зголемената концентрација на урична киселина е услов за формирање на истоимениот тип на бубрежни камења. Кај овие пациенти се советува избегнување на месни производи и внес на протеини преку храна како се: млечни производи, соја, леќа, тофу. Доколку се консумира месо, не треба биде во поголемо количество од 170 г на ден.

Цистински камења

За лекување на оваа состојба потребна е специфична терапија која вклучува консумирање на големо количество течности и алкализација на урината за што е потребно да се консултирате со сертифициран нутриционист кој ќе ви помогне во изготвувањето на соодветно мени.

Дополнителни совети

Доколку претходно сте имале проблеми со камења во бубрегот или имате фамилијарна историја на болеста, потребно е секојдневно да внесувате најмалку 2 литри вода, најдобро дестилирана.

Цитрусните пијалаци, како лимонадата и свежиот сок од портокал, го спречуваат формирањето на калциум оксалатни бубрежни камења благодарение на цитратот кој го содржат, но може да имаат контра ефект доколку станува збор за калциум фосфатни камења. Консумацијата на чај и кафе е дозволена во умерени количини, доколку не станува збор за калциум оксалатни камења.