Потребни состојки за тесто:

150 г брашно

50 г путер/маргарин

4 јајца

150 мл вода

Сол

ФИЛ:

1 литар млеко

5 жолчки

10 лажици шеќер

5 полни лажици брашно

1 ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

1.Во еден сад ставете путер, сол и вода. Кога ќе проврие, додадете брашно, мешајте додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Оставете да излади па изматете со миксер. Додадавајте едно по едно јајце со непрекинато матење додека да се изедначи смесата. Наполнете шприц со тестото и формирајте крофнички врз плех обложен со хартија за печење.

2.Печете околу 20-25 минути на 200 степени. Рерната не смеете да ја отворите до самиот крај, кога ќе бидат крофните готови, во спротивно тестото ќе спласне.

3.ФИЛ: Ставете 800 мл млеко, заедно со шеќер и ванилин шеќер, да зоврие. Изматете ги жолчките и додадете го остатокот од млекото (200 мл). Додадете брашно и добро измиксајте да нема грутчиња. Кога млекото е провриено додадете во смесата со постојано мешање. Гответе додека да се згусни. Изладете.

4.Изладените крофнички пресечете ги на половина и полнете ги со изладениот фил. Поросете по желба со шеќер во прав или чоколаден прелив.