Прилепско мераклиско МАКАЛО со лути пиперки, ореви и лукче…Одлично за макање со домашно печено лепче или како прилог на некое јадење, месо, риба и слично. Фото и рецепт: Биљана Николовски. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
10-15 лути пиперки или мешани со слатки
50 г Ореви
1 главица лук (или по желба)
И уште:
сол по вкус
масло и киселина по вкус
врела вода за попарување по потреба
Постапка:
Испечете пиперки по желба, можете и да и ги измешате со слатки (нелути) во зависност од тоа колку луто сакате да биде макалото. Откако ќе остојат малку во најлон кеса, излупете ги и исчистете ги од семките.
Оревите ставете ги во сад за толчење заедно со лукчињата. Откако ќе ги истолчите, додајте ги и пиперките, па и нив малку истолчете ги.
Додајте масло, киселина и сол по вкус. На крај попарете ги со врела вода до посакуваната густина.