Сите ми го испофалија овој рецепт за куглоф и веднаш ми побараа рецепт сите домаќинки. Јадеш и не се дебелееш, е ова се вистинските зборови со кој може да се опише овој десерт. Запишете си го и во прва прилика направете го.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г суви кајсии, 100 г ореви, 3 јајца, 100 г шеќер, 100 г природен јогурт, 70 мл млеко, 100 мл масло, 250 г брашно, 7 г сув квасец или 1 кесичка, 5 г ванилин шеќер, 1 јаболко. И УШТЕ: 100 г шеќер во прав, 3-4 големи лажици лимонов сок, 30-50 г ситно сечкани бадеми за декорација.




ПОСТАПКА: Сувите кајсии ставете го во сад со вода да отстојат 10 минути. Оревите пропржете ги во нелепливо тавче сосем кратко додека да ја пуштат својата арома, па ситно исечкајте ги на мали парчиња. Во еден сад скршете три јајца.




Измешајте ги со миксер и додајте прстофат сол. Кога ќе станат пенасти додајте го шеќерот и продолжете да ја матите смесата додека шеќерот да се растопи во пенастите јајца. Потоа додајте го јогуртот, млекото и маслото.




Продолжете да ги матите сите состојки до изедначување на смесата која треба да биде течна како за палачинки. Низ сито, просејте го брашното измешано со квасецот и ванилиниот шеќер. Сега измешајте ја смесата со шпатула додека да се соедини хомогено без грутчиња. Смесата треба да биде малку погуста заради брашното.




Во смесата додајте ги сувите кајсии кои претходно сте ги исекле на 4-5 пати поситни парчиња заедно со оревите. Јаболкото излупете го, од него извадете ги дршката и семките и исечкајте го на коцки и додајте го во смесата со други состојки. Соединете.




Смесата се прелива во специјален сад за печење на куглоф и добро се израмнува. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Во меѓувреме направете бел прелив со мешање на шеќерот во прав и лимоновиот сок.




Оваа млечно-бела течност се прелива врз куглофот откога ќе го извадите во садот кај што се печел. Додека течноста не е уште стврдната, на неа наросете тенко сечкани бадеми. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.