Превкусни пиперки-филети со лук, готови за 24 часа. Че ви претставиме две верзии, една со есенција и една со обичен бел оцет 9 процентен. Во првиот рецепт не се користи конзерванс, а пиперките се мариниаат во сопствениот вкус.
За вториот рецепт се користат неколку зрнца конзерванс и деталната постапка можете да ја погледнете во видеопрезентацијата на линкот подолу. Овој рецепт можете да го приготвувате преку цела година и секогаш да се сладите со превкусните филети од пиперки. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 кг пиперка, 100 мл есенција, 100 грама шеќер, 200 грама сол, 100 мл масло. Подготовка: Измијте ја пиперката и извадете ги семките. Се сече на филети и се става во поголемо тенџере, па се додава есенција, шеќер, сол и масло.
Промешајте и оставете да отстои 24 часа. За тоа време, пиперките ќе го ослободат сопствениот сок. Промешувајте од време на време за да се стопат сите состојки и да се соединат.
По 24 часа, филетите од пиперки ставете ги во тегли и прелијте ги до врв со сокот што го испуштиле пиперките. Затворете ги теглите и оставете ги на ладно и темно место. Следи вториот рецепт:
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг пиперки (4.2 кг исчистени без семе), 150 г сол, 100 мл масло, 150 г шеќер, 400 мл алкоxолен оцет 9%, 1.2 литри вода, 4 г конзерванс (1 г конзерванс на 1 кг пиперки), 2 главици лук, 1 китка свеж магдонос, 9 тегли со капаци
ПОСТАПКА: Од измиените пиперки отстранете ги дршките и семето, па исечете ги на филети. Во поголем сад сипете шеќер, сол, оцет, масло, вода, конзерванс, па мешајте додека да се растопат состојките.
Пиперките сместете ги во некој пластичен сад/буре со капак и прелијте ги со растворот. Затворете ги и оставете ги 24 часа. Повремено промешувајте или протресувајте го во текот на 24 часа.
Стелизирајте ги теглите во рерна на 100 степени 10-тина минути. За тоа време ситно исечкајте ги лукот и магдоносот. Наполнете ги теглите со филети и во секоја ставете лук и магдонос. Наполнете ги до врв со течноста во која се маринираа.
Затворете ги добро со чисти и нови капаци, па чувајте на темно и ладно место. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „48 часовни филети од пиперки со лук и магдонос, зимница без варење и печење“ – ОВДЕ.
48 часовни филети од пиперки со лук и магдонос, зимница без варење и печење