Со овој супер евтин рецепт на едноставен начин добивате многу вкусни посни кифлички кои можете да ги филувате со вашиот омилен џем. Тестото се замесува од три оснивни состојки кои секој ги има во кујната, а тоа се вода, масло и брашно.




Тестото се замесува за 5 минути, а откако ќе ги извиткате кифличките, уште ќе ви биде потребно половина час за печење и ако можете да се воздржите да не ги изедете врели, уште 10-тина минути да подизладат.

Овој рецепт на Злата е толку многу добар што секој треба да си го запише. Постапката е лесна, а овие слатки кифлички може и дете да ги направи. пробајте ги, ќе бидете воодушевени од вкусот, па секоја недела ќе ги приготвувате. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл зовриена вода, 250 мл масло за готвење (обично), 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 450 г + 50 г брашно за домесување (се додава постепено), 1 кесичка прашок за печиво (10 г). И уште: џем за полнење на кифличките и шеќер во прав за валање




ПОСТАПКА: Во подлабок сад истурете 150 мл врела вода и додајте 250 мл обично масло за готвење. Промешајте за да се изедначи температурата на двете течности, односно да стане млака. Додајте го ванилиниот шеќер и промешајте за да се раствори.




Започнете постепено да го додавате брашното заедно со прашокот за печиво. Мешајте со лажица или маталка додека додавате лажица по лажица брашно. Ова е потребно за да има време брашното добро да се натопи во течноста, но и за да се оцени точната потребна количина.




Кога тестото ќе згусне преминете на рачно месење и продолжете етапно да го додавате преостанато тесто. Ќе ви биде потребно вкупно 450 г брашно за тестото и приближно уште 50 г за наросување на работната површина.




Тестото треба да биде компактно и мазно, малку меко и влажно, но лесно да се обликува под прсти. Поделете го на три приближно еднакви делови, обликувајте топки, покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути.




Потоа секоја топка развлечете ја во тенка кора со дебелина од 2 мм и дијаметар од 30 см, сечете триаголници (8), филувајте ги со џем и виткајте ги во кифлички, внимавајќи добро да бидат спакувани за да не ситекува џемот при печењето. Вкупно ќе добиете 24 кифлички. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час.




Треба да останат светли и сосем малку да заруменат на краевите. Кога се печени оставете малку да подизладат, па валајте ги во шеќер во прав и послужете ги. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ.