Прелиена сочна алва со чаша од кафе: Ова е рецепт кој успева секому – ПОСНО

Оваа алва ја правеа мајка ми и баба ми кога бевме мали. Нема некој што ја јадел, а да не се воодушевил. Толку едноставно, толку лесно за подготовка, а толку вкусно. Алвата постои во повеќе варијанти, но со овој рецепт нема да погрешите.




Подготовката е лесна. Шолјата што ќе ја одберете за мерка, нека биде истата што ќе ја користите за сите состојки. Не е важно колкава е шолјата која сте ја одбрале, ако го следите рецептот.

Фото и рецепт: Анета Ане




Јас најчесто користам шолја од 250 мл, се добива количина на алва за која што е потребно тенџере од околу 4 литри. Тенџерето нема да биде полно до горе, но ви треба простор за убаво да мешате. Eве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши гриз, 1 чаша мелена плазма, 1 чаша масло, 3 чаши шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 кесичка рум шеќер, 100 г сечкани ореви и 4 чаши вода. Јас како мерка користам чаша од Браво кафе.




ПОСТАПКА: 2 чаши гриз и 1 чаша мелена плазма се ставаат во тенџере и се пржат малку да поруменат. Кога ќе добијат малку потемна боја се става 1 чаша масло и уште малку се пропржува.




Потоа се додаваат 3 чаши шеќер, 2 кесички ванилин шеќер и 1 кесичка рум шеќер. Промешуваме уште малку на тивко колку да се карамелизира шеќерот и потоа додаваме 100 г сечкани ореви и 4 чаши вода.




Мешаме до згуснување на смесата. Кога убаво ќе згусне, на намастени калапи (со големина по ваш избор) или тавче за една голема алва па да си ја сечете на коцки ја истурате соединетата смеса. Се остава да се олади и стегне и се послужува. Рецепт на Анета Ане. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за подготовка на чоколадна алва:




II РЕЦЕПТ: Чоколадна обланда со таан алва. Фото и рецепт: Елена Н.Цветковиќ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г чоколадна или мешана таан алва, 150 г шеќер, 250 мл млеко, 150 г путер/маргарин, 200 г чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 100 мл слатка павлака.




ПОСТАПКА: Во еден сад на оган се става прво млекото со шеќерот да се растопи. Потоа се додава и путерот, се меша додека и тој да се растопи. Алвата се сечка на коцки, па и таа се додава и се меша додека да се растопи. На крај ситно се дроби чоколадото и тоа се додава и се меша додека целата смеса да се растопи и соедини.




Кога убаво ќе се соедини, се мачкаат обландите една врз друга. Одозгора се става нешто тешко врз нив, но не премногу тешко и се остава во фрижидер да излади и да се стегне.

Се растопува 100 г чоколадо со 100 мл хопла (течна слатка павлака) и се прелива одозгора, па се враќа повторно во фрижидер да се стегне. Фото и рецепт: Елена Н.Цветковиќ

Претходна статијаГИНЕКОЛОГ ПРЕДУПРЕДИ: Ако имате кафеав исцедок пред менструацијата, тоа значи само едно
Следна статијаВо тестото редам топчиња путер и ставам да се пече, повкусно нешто не сме јаделе одамна