Наочиглед неуредно па дури и гадно, но во светот стана таен тренд со чија помош многумина ги избелија забите

За побели заби ви е потребен само активен јаглен!

Темниот дијамант од природната медицина

Еден од најмоќните природни лекови кои помагаат при низа болести, од дизентерија до последици од радијација- дрвениот јаглен.

Супстанцијата е позната веќе со векови и одамна се применува во медицината.

Египетските доктори, и основачот на модерната медицина Хипокрит, препорачувале употреба на јаглен при труење, а американските индијанци го користеле за кожни инфекции.

Активниот медицински јаглен има широка примена поради својата способност за апсорбирање на други супстанции.

Се добива со преработка на јагленот во парна комора при што тој се отвора, му се зголемува површината со која може да привлече повеќе состојки.

Нема негативни нуспојави, а Американската агенција за храна и лекови го вклучи во прва категорија (како сигурен и ефикасен лек) при лекување на акутно труење.

КАКО ДА ГИ ИЗБЕЛИТЕ ЗАБИТЕ СО АКТИВЕН ЈАГЛЕН:

Постапката е многу ефикасна. Во еден сад здробете го активниот јаглен (од аптека), па со мокра четка нанесете го на забите исто како кога ги миете.

Нема потреба од дополнителен притисок, туку едноставно нормално исчеткајте ги забите.

Доволни се само 3-4 минути а потоа исплакнете ги и измијте ги со нормална паста за заби која вообичаено ја користите. Резултатите треба да бидат видливи, веднаш по првото миење.

По една недела ќе имате сјајно бели заби.