Фотографија и рецепт на Анѓелка Манојловиќ. Потребни состојки: 1 кг меко брашно, 50 г свеж квасец, 2 лажички сол, 2 лажици виснки оцет, 2 јајца, 2 кафени шолји масло (150 мл) и 500 мл млеко. За премачкување: 1 јајце и за наросување сусам

Постапка: Квасецот разматете го во половина шолја топло млеко, додадете лажичка шеќер и лажичка брашно. Од брашното, активираниот квасец и останатите состојки замесете средно меко тесто и оставете го да омори 20-тина минути.

Обликувајте 6 топки, па секоја развлечете ја во правоаголна кора и свиткајте ја како ролат. Исплетете плетенки од два ролати (со сучење), така што на крајот добиваме три плетенки.

Ѕидовите на тркалезна модла премачкајте ги со путер а на дното ставете кружно исечена хартија (со димензии на калапот) за подоцна полесно да се извади.

Од средината започнете спирално да ги редите плетенките, а завршетоците малку подвиткувајте ги под тестото за да не се познава спојувањето. Оставете да одмора еден час.

Пред печење премачкајте ја погачата со изматено јајце и наросете сусам. Ставете ја да се пече во долниот дел од ладна рерна и првите 15-тина минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 200 степени и печете уште 30 минути.

На половина од печењето проверете и по потреба покријте ја со хартија за да не изгори одозгора.

Фотографија и рецепт на Анѓелка Манојловиќ