За да бидете свежи и енергични преку цел ден, потребно е убаво да ги исчистите (испразните) цревата и да се ослободите од вишкот килограми. Рамниот стомак дава леснотија и чувство на полетност, а лесно можете да го постигнете со помош на еден напиток. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лимон, 1 полна рака свеж лист од магдонос, 1-2 супени лажици јаболков оцет, 1 чајна лажичка цимет во прав, 1 чајна лажичка мед (или по вкус, но не повеќе од полна мала лажичка), корен од ѓумбир со должина од 3-4 см и 1 литар вода.
ПОСТАПКА: Сипете вода во едно тенџере и ставете го на оган да зоврие. Сокот од лимонот исцедете го и сочувајте го за подоцна, а кората ситно исечкјате ја и додајте ја во водата. Штом зоврие, оставете „еден клуч“, па исклучете ја ринглата.
Ѓумбировиот корен излупете го и ситно исечкјате го или изрендајте го, па додајте го во врелата вода, непосредно пред да го исклучите огнот. Штом ја исклучите ринглата, додајте го и ситно сечканиот свеж магдонос.
Оставете го напитокот да се лади врз топлата рингла под капак. Кога ќе биде млако, процедете го и добро истискајте ги состојките. Во топлата/млака течност додајте го медот, лимоновиот сок и јаболковиот оцет.
Добро промешајте за да се изедначи. Овој напиток се пие исклучиво топол, односно млак. Целата добиена количина можете да ја поделите на трипати и да го пиете на еднакви интервали, наутро на гладно, пред ручек и навечер.
Се пие на празен стомак, никако после јадење. Можете да пиете и само по една чаша 1-2 часа пред спиење, а остатокот да го складирате во фрижидер. Но, пред употреба мора да го загреете, но не и да го зовриете.
Не се препорачува доколку сте чувствителни на некоја од состојките. Консултирајте се со вашиот лекар пред отпочнување на третманот со овој напиток. После седум дена треба да се направи пауза од две недели, пред да се повтори.