Ова се пет народни верувања или обичаи кои луѓето одамна ги практицираат особено пред крајот на годината.

1.Важна е бојата на долната облека

Во државите на Латинска Америка, на пример, црвената, зелената и жолтата долна облека најмногу се купува пред Нова година и може да се најде речиси во секоја продавница.

Луѓето носат црвена долна облека за да пронајдат љубов, зелена или жолта за да пронајдат богатство во следната година, а бела за мир.

2.Сите желби напишете ги на лист хартија

Пред вечерата на Стара година, потребно е на хартија да ги запишете сите желби што ги имате за новата година. Потоа, тој лист во текот на вечерата треба да се држи многу блиску до себе, за да се пренесе вашата енергија врз желбите.

После полноќ листот се спалува со уверување дека во следната година ќе постигнете сè што сте посакале.

3.Бакнеж точно на полноќ

После Свети Валентајн, ноќта кога се испраќа Старата и се пречекува Новата година – е најлошата ноќ за самците, бидејќи сите во тој миг се бакнуваат, освен нив. Вистина, болката трае само 60 секунди. Бакнежот во очи на Нова година е симбол за љубов која треба да трае преку целата година.

4.Среќни бои за Нова година

Исто како за долната облека, одредени бои симболизираат среќа.

Жолтата ќе помогне со финансиски проблеми, зелената ќе донесе здравје, портокаловата мудрост, виолетовата е за успех на професионално поле, црвена е за љубов, а сина за мир. Обично се подаруваат или палат свеќи со одредена боја и се посакува желба со таа намена.

Бо Бразил на пример, се верува дека доколку се облечете во бела боја, тоа ќе ви донесе среќа и мир во следната година. Облеката која ќе ја носите на дочекот треба да биде нова.

5.Отплатете ги своите долгови

Еден автор долгото го споредил со прекумерна тежина, како да на грбот секој ден носите дополнителни 15 килограми. А кога ќе ги отплатите своите долгови, ќе ве изненади брзината со која вашата состојба на сметката – и среќата – ќе се зголеми.