Познатиот рецепт кој татко ми го правеше со години, економичен и здрав – Ви требаат само макарони и зелка

Ако се мислите што да правите за појадок, ручек или вечера, пробајте го рецептот на Валентина и направете макарони со зелка, кои може да се подготвaт на 2 начина. Рецептите се многу лесни, се користат исти состојки и ќе ви одземат само половина час. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г макарони, 1 кг кисела зелка („рибанац“), 200 г сланина (за вториот рецепт), 250 мл павлака за готвење / кисела павлака, 3 јајца, неколку чешниња лук и зачини како црн пипер, сол, лук во прав/гранули, чили зачинска пиперка…




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ НАЧИН: Прво се варат макароните во тенџере во зовриена солена вода според упатството, не ги преварувајте. Додека макароните се варат, во друго тавче се става масло и се вклучува на рингла малку да се загрее.




Лукот се чисти и се сечка на ситни парчиња/ на тенки листови, па се остава само малку да се запржи во маслото и да ја пушти својата вкусна арома. Се додаваат неколку зрна ким за поубав и поинтензивен вкус. Притоа треба да го оставите лукот да ги испушти своите мириси и да се запази да не изгори. По желба, може да запржите и малку сланина.




Во истата тава се додава и зелката, која претходно треба да биде ситно исечкана. „Рибанацот“ е зелка која е претходно подготвена со пиперки и сечкани моркови, но може да користите и обична, сечкана. Сите состојки заедно се мешаат и се оставаат убаво да се испржат.




Откако убаво ќе се испржи зелката и ќе омекне, во тавчето се додаваат сварените макарони. Сето тоа се меша за убаво да се соедини, исто така можете да ставите и зачини според ваша желба. Оброкот е готов. Сосема едноставен и брз рецепт, а многу вкусен. Оброкот е готов и можете да го сервирате. Ова е првиот начин да го подготвите овој ручек, а во продолжение може да го прочитате и вториот:




За вториот начин на подготовка исто е потребно прво во тавче да се запржи лукот и сланината (може да биде ситно исечкана или на поголеми парчиња). Откако ќе се запржат лукот и сланината потребно е да се додаде околу 200 г кисела зелка. Сето тоа го соединувате со лажица и оставате убаво да се испржи.




Кога ќе се испржат сите состојки се додаваат сварените макарони и се соединува. Сол не е потребно да се додаде бидејќи самата зелка е доволно солена. Потоа, вака подготвената смеса се излева во еден огноотпорен сад, се израмнува и садот се прелива со следнава смеса:




Во друг сад матите три јајца и додавате ставате 250-300 г павлака за готвење. Оваа смеса ја претурате во плехот со макароните. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени и потоа плехот го ставате да се пече, околу 20-25 минути само да се запече бидејки сето ова е веќе претходно зготвено.




Вашиот оброк е готов. Ова претставува брз и многу вкусен оброк. И можете да го подготвивте за појадок, ручек или вечера. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаВо тестото додавам 1 состојка која го подобрува вкусот, рецепт за пица, фурнаринки и пити
Следна статијаКОЛАЧИЊА – КРОФНИ ОД БЕЛКИ, ако досега не сте ги пробале, време е да ги направите, излегуваат 60 крофни