Салата од модри патлиџани за зима
Оваа вкусна салата од модри патлиџани е идеален начин да ги зачувате летните вкусови за студените зимски денови.
Со богата арома и балансиран вкус, оваа салата е одличен додаток на секоја трпеза.
Подгответе поголема количина одеднаш и уживајте во нејзиниот вкус во текот на целата година, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
2 кг модри патлиџани
1 кг кромид
1,5-2 кг домати
1 кг пиперки (бабура)
1 главица лук
1 врзоп магдонос
250 мл растително масло
1 лажица сол (за салатата)
2 лажици сол (за посолување на модрите патлиџани)
3 лажици шеќер
3 лажици оцет (9%)
3-4 лути пиперки (по желба)
НМД

Постапка:
1. Исечете ги модрите патлиџани на коцки, посолете ги со 2 лажици сол и оставете ги да отстојат 20 минути. Потоа, добро измијте ги и исцедете ја водата.
2. Исечете го кромидот на коцки. Во големо тенџере загрејте 250 мл растително масло и пропржете го кромидот додека да добие златна боја.
3. Доматите изблендирајте ги со блендер до конзистенција на пире.
4. Пиперките исечете ги на коцки. По желба, додајте 3-4 лути пиперки, исто така исечени на ситни парчиња.
5. Во тенџерето со пропржениот кромид додајте ги модрите патлиџани, пиперките, лутите пиперки (ако ги користите) и пирето од домати.
6. Додајте 1 главица ситно исечкан лук, 3 лажици шеќер и 1 лажица сол. Промешајте добро и оставете ја смесата да се динста на тивок оган 30 минути, повремено мешајќи.


7. Ситно исечкајте го магдоносот и додајте го во смесата заедно со 3 лажици оцет. Продолжете со динстање уште 5 минути.
8. За тоа време, стерилизирајте ги теглите и капаците со врела вода.
9. Топлата салата истурете ја во чисти, стерилизирани тегли, наполнете ги до врв и затворете ги со стерилизирани капаци. Добро затегнете ги капаците.
10. Превртете ги теглите наопаку, покријте ги со ќебе и оставете ги да се ладат еден ден.
11. Чувајте ги теглите на ладно и темно место.
Оваа салата е подготвена за уживање во текот на зимата, како прилог или самостојно јадење. Добар апетит! Деталите погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ:




































