Животната приказна на Сузана Роусалис е вистинска инспирација и поддршка за сите што се борат со канцер, како што е и самата таа. По втор пат се соочува со агpесивната хемотерапија од која ја изгуби и косата, веѓите, трепките… Ова е нејзината порака:

„19 јануари 2022 година…Убав ден! Но, будењето беше необично, со болки. Следеше контрола, па резултати…и одеднаш како гром од ведро небо, ми беше соопштено: КАНЦЕР! Животе имаш ли душа?!

Собрав сили, морам напред…Почнав со операции, една, па втора, па трета…И кога мислев дека сè се заврши, после 4 месеци ме чекаше нова борба…хемотерапија и зрачење…

Ах! ах! ах! Велат дека здравиот човек има 1000 желби, а болниот само една! Си реков „Сузана, мораш напред!“ Помина и тоа. Големо благодарам до Гинекологија Скопје.

Во јуни заврши сè и се вратив во Грција (тука живеам и работам). Помина една година и повторно таа подмолна болест!

ОХ, ЖИВОТЕ ИМАШ ЛИ ДУША?! ОК, ако немаш ти, имам јас!

Повторно сум на хемо – многу појака од претходната. Да, од првата хемо ја изгубив косата, веѓите, трепките, силата на телото…НО! Сето ова се обновува, не мораме да се покриваме со перики…

Тоа сме ние, ние кои чекориме тежок пат, ние кои со гордост можеме да се наречеме БОРЦИ!

Затоа борци мои, ГЛАВАТА ГОРЕ! Вашата убавина е во душата, сјајот во очите, насмевката е вашето добро утро…ЈАС СЕ ЧУВСТВУВАМ ВЕЌЕ ПОБЕДНИК!

Автор на текстот Сузана Роусалис / Галама / NMD.mk