За сите оние кои имаат напорен работен ден, не постои ништо помагично од моментот кога ќе легнат во чистата и мека постелнина која мириса на свежина. Тоа може да е мирисот на вашиот омилен детергент или омекнувач. Но, за жал, најчесто тој испарува уште првиот ноќ, а секоја наредна ноќ сè послабо се чувствува или воопшто не мириса, сè до следното перење.




Овојпат ќе ви пренесеме еден интересен метод кој го користат вештите домаќинки, а со чија помош постелнината ќе ја задржи свежината подолго време, дури неколку денови. Секоја вечер ќе имате чувство дека нурнувате во царството на xapмоничните мириси кои ќе ви помогнат да се peлаксирате и полесно да запловите во морето на соништата.




Направете свој едноставен спреј за постелнина: Користете природни есенцијални масла за да направите прекрасен спреј за прскање на перници и чаршафи. Во зависност од тоа кој мирис го преферирате – од мирис на море, цитрус, до борови и ливадски цвеќиња – вашиот кревет ќе мириса прекрасно свежо.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: шише со распрскувач, етерично масло по избор (ако сакате појак мирис додајте 30 капки, а ако сакате поблаг мирис 20 капки), 100 мл медицински алкоxол од аптека и 300 мл дестилирана/филтрирана вода




ПОСТАПКА: Прво измешајте ги дестилираната вода и алкохолот (протресете го добро шишенцето/садот за да се растворат), а потоа додајте етерично масло со количина и избор по ваш вкус. Потоа добро промешајте ги сите состојки уште еднаш и претурете ги во шише со распрскувач.




Препорачуваме комбинација од есенцијално масло од лаванда и сандалово дрво, кое често се користи во практиките за медитација. Исто така, комбинацијата од камилица и цвет од липа ви помага побрзо да се опyштите и да го ocлободите вашиот ум од негативни мисли.




Испрскајте ја постелнината и ќе мириса како штотуку да сте ја извадиле од машината за перење. Овој pитуал не е замена за класичното перење постелнина, туку само трик кој на вашата чиста постелнина може да и даде дополнителен мирис и да ви даде чувство на cпокојство. Но, има уште еден трик како да го продолжите дејството на омекнувачот, а тој да мириса подолго од вообичаено:




Ако сте од оние кои сакаат облеката секогаш да им мириса на парфем и на свежина, тогаш ви откриваме еден интересен метод со кој мирисот од омекнувачот се задржува многу подолго од вообичаено. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Едно празно шише со распрскувач-спреј, половина мала шолја од вашиот омилен омекнувач, една лажица сода бикарбона и малку врела вода. ПОСТАПКА: Во една помала чаша истурете една супена лажица сода бикарбона и прелијте со малку врела вода.




Мешајте додека сода бикарбоната целосно се раствори во водата. Потоа течноста претурете ја во пластично шише со распркувач, па додајте го омекнувачот. Протресете и ако ви се чини дека е густо, тогаш додајте уште малку врела вода.




Изедначете ја смесата (најважно е сода бикарбоната добро да биде растворена). УПОТРЕБА: Протресете го шишето пред секоја употреба. Овој спреј можете да го користите за крпи, завеси, постелнина, алишта, теписи и слично.

Особено е делотворно за завеси: наутро испрскајте ги завесите, па отворете ги ширум прозорците за да може воздухот кој влегува да го рашири мирисот низ целата просторија.