ПОСНО ЧУДО ОД КОЛАЧ…Без јајца и млеко, а со мерки на чаша…Фаворит на славскатa трпеза…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 чаши газирана вода
1 чаша масло
2 чаши шеќер
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
3 чаши брашно Т-500 меко
200 г семе од афион
Сите состојки редоследно сипете ги во подлабок сад и соединете ги со жица и истурете ги во плех од 35х45 см обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути. Изладениот бисквит поделете го на половина за да добиете 2 кори.
ФИЛ:
2 чаши сок од портокал
1,5 чаши шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 пудинг од чоколадо 40 г
Откако ќе го сварите пудингот додека е врел додајте:
125 г посен маргарин
200 г посно темно чоколадо
300 г мелени ореви.
Оставете го филот да се излади. Потоа филувајте. Корите прво натопувајте ги со сок од портокал (потребни ви се 300 мл сок).
РЕДЕЊЕ: кора, фил, кора, фил а одозгора посипете крупно мелени ореви. Оставете го неколку часа да се впие и да се стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ: