ПОСНО: Брза БАЈАДЕРА од кокос и бисквити

Брзи и едноставни!

Бадемово млеко се става за вкус зошто колачот е посен, а може да го купите во поголемите маркети или да си го направите сами или да го замените со друго радтително млеко или сок.

Потребни состојки:

500 г мелени бисквити посни
200 г кокос
250 г шеќер
200 мл бадемово млеко
250 маргарин
1 ванилин шеќер
1,5 лажица рум

За ГЛАЗУРА:

200 г чоколадо за готвење
6 лажици масло

Постапка:

Измешајте ги кокосот и мелените бисквити во еден голем сад.

Во еден сад на тивок оган ставете млеко, маргарин, шеќер и ванилин шеќер, па мешајте додека да се растопат состојките.

Штом состојките се растопат, прелијте ги преку кексот и кокосот, па продолжете да мешате со лажица.

Додадете го и румот, па продолжете го месењето со раце.

Во намастена тепсија распоредете ја убаво смесата, прво со раце а пото израмнете со шпатула.

Прелијте со глазура од чоколадо и ставете во фрижидер да се стегне.

Кога ќе одлучите да го сечете колачот, извадете го од фрижидер барем 15 минути на собна температура, за да не пука при сечењето.

Kolaci.biz

Претходна статијаПОСНО: Сочна и едноставна салата со компир, морков и кисели краставички
Следна статијаЛикер од чоколадо – направете си сами, поголемо е уживањето!