ПОСНИ ТОПЧИЊА…За 5 минути здрави и многу вкусни залчиња…
Рецепт: „Благи топчиња од овес и урми – веганска магија за 5 минути“
„Слаткото не мора да биде грев, туку може да биде уметност што ги храни телото и душата.“
Овој рецепт е совршен за сите што сакаат да уживаат во вкусен десерт без шеќер, со природна сладост од урмите, пишува НМД.
Комбинацијата од овес, ореви и чоколадо без шеќер создава експлозија од вкусови, а подготовката е толку едноставна што ќе се чувствувате како волшебници во кујната.
Подгответе се за веганско уживање што ќе ве освои уште на првиот залак! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 150 г урми
– 80 г овесни снегулки
– 90 г ореви
– 1 лажичка цимет
– 1 прстофат сол (по желба)
– Кора од 1 портокал
– 100 г чоколадо без шеќер
– 1 лажица маслиново масло
– НМД
Постапка:
Ставете ги урмите во ладна вода 15 минути за да се отстранат конзервансите и да се активираат нивните корисни состојки. Потоа исцедете ги и отстранете им ги семките.
Во блендер сомелете ги овесните снегулки додека да добиете фина текстура, слична на брашно.
Исечкајте ги оревите на ситни парчиња. Оставете мал дел од нив настрана за декорација.
Во блендер сомелете ги урмите додека да станат мазна паста.
Во сад измешајте ги сомелените урми, овесот, исечканите ореви, циметот, прстофат сол (по желба) и кората од портокал. Добро соединете ја смесата со раце или со лажица.
Од смесата направете мали топчиња со големина по ваша желба. Ставете ги топчињата во фрижидер 15 минути за да се стегнат.
Во меѓувреме, растопете го чоколадото без шеќер заедно со 1 лажица маслиново масло на водена пареа, мешајќи додека да стане мазно.
Потопете ги топчињата во растопеното чоколадо, а потоа посипете ги со зачуваните исечкани ореви за декорација.
Вратете ги топчињата во фрижидер уште 15 минути за чоколадото да се стврдне. Послужете ги во хартиени кошнички за убав изглед.
Уживајте во овие мали вегански ремек-дела со шолја чај или кафе. Бон апетит! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: