„Поздрав драги мои.. Како што се ближат празниците решив да споделам еден посен старински рецепт за ситни колачи. Покрај многу други, и овие колачи често се наоѓаат на божиќната трпеза.




Овие ружички со џем во посна варијанта се многу убави и вкусни колачи кои се топат во уста. Малку потсетуваат на ванилици кои јас ги обожавам. Може да се прават и во мрсна варијанта со путер. А исто може да додадете и ореви, но јас во овој рецепт ги правам стриктно на старински начин,” вели Сања.




Потребни состојки: 250 мл пиво, 200 мл масло, 18 г ванилин шеќер, рендана кора од еден лимон, 1 прашок за печиво, 400-450 г брашно, џем од сливи, шеќер во прав за наросување. Тестото се замесува многу едноставно и лесно за час ќе биде готово.




Постапка: Во подлабок сад истурете го пивото. Додајте го маслото и малку промешајте. Потоа додајте мала количина од брашното и ванилиниот шеќер и изрендајте лимонова кора, која претходно треба да биде истретирана со вода и сода бикарбона.




Се додава прашокот за печиво со кој ќе нараснат овие колачи. На крајот се додава преостанатата количина брашно која ви останала. Брашното додавајте го постепено додека мешате со лажица додека да се соединат состојките.




Замесете фино и меко тесто кое е потребно да го месите околу 5 минути да биде нелепливо. Тестото се остава во садот кој сте го замесиле и се покрива со проѕирна фолија и памучна крпа да одмори некои 10-тина минути.




Во меѓувреме подгответе го џемот од сливи. Како што кажав и претходно во џемот може по желба да додадете и мелени ореви. Црпете по малку од тестото, направете топче и сплескајте го помеѓу рацете.




На средина додајте 1 лажичка од џемот и затворете по страните. Убаво залепете на врвот за да не истече џемот. Колачињата треба да бидат приближно еднаква количина и се редат на плех обложен со хартија за печење малку одделени едни од други.




Доколку не ви ги собере сите во плехот може да ги печете на двапати. При печење треба убаво да обелат. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.




По печењето треба да се остават целосно да се изладат, а потоа се валкаат во шеќер во прав и се послужуваат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.