Home посни колачи Посни парени колачи со јатка орев, валани во кокос…Се топат во уста…

Посни парени колачи со јатка орев, валани во кокос…Се топат во уста…

Рецептот за овие прекрасни посни колачи ни го претстави нашата драга Светлана Карапетровска во групата НМД рецепти.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска

Мерката е со чаши од 200 мл

Потребни состојки:

6 чаши брашно
2 чаши масло
1 чаша ладна вода
2 прашок за печиво
јатки орев
кокос за валкање

за шербет:

2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 ванилин шеќер

Постапка:

Брашното се става во подлабок за д и се меша со прашокот за печиво. Се додаваат маслото и водата, па се замесува меко тесто кое не лепи на раце. Тестото се остава 10 минути да одмори.

Потоа се кинат парчиња, се формираат топчиња со величина на орев, а во секое топче се става по една јатка орев.

Вака приготвените топчиња се редат во плех намастен со масло и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени колку да заруменат. Се вадат и се оставаат да изладат.

Се прави шербет од 2 чаши шеќер, 2 чаши вода и 1 ванилин шеќер.

Со врелиот шербет се поливаат изладените колачи внатре во плехот каде се печеа. Се оставаат да го впијат шербетот, а потоа се валкаат во кокосово брашно.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска