Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ – Посни мекици од ‘ржано брашно. Овие солени мекици (или како и да ги наречете) идеални се кога сте во брзање и немате време да го чекате тестото да стасува.

Ако повеќе ги сакате во слатка варијанта, наместо лажичка шеќер ставете две лажици шеќер или едноставно, наросете ги со шеќер во прав кога ќе бидат готови.

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ

Овие мекици не се шупливи внатре, туку полни, со погуста структура, па помала количина е доволна за да ве засити. Оваа мерка е таман за вечера за четворица, со сирење, кајмак или павлака.

‘Ржаното брашно во тестото и многу малата количина на алко-хол која се додава, овозможуваат тестото воопшто да не впива маснотија додека се пржат. Алко-холот се разбира испарува и не се чувствува во печивото.

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ

Потребни состојки: 300 г фино ‘ржено брашно, 200 г бело брашно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 1 рамна лажичка сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка ракија или коњак, 350 мл газирана вода отстојана на собна температура, масло за пржење.

Постапка: Во подлабок сад за месење истурете ја целата количина од ‘ржаното брашно и приближно две третини од белото брашно (остатокот оставете го за домесување).

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ

Додадете сол, прашок за печиво, квасец и шеќер, додадете раки-ја и газирана вода, убаво промешајте и лажица, а потоа и со рака. Замесете тесто со додавање на остатокот од белото брашно.

Тестото не треба да биде претврдо, така што сами одлучете дали ќе го додадете целиот остаток од белото брашно или само дел.

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ

Малку намастете ги рацете со масло, па обликувајте топка од тестото, покријте го со крпа или кеса и оставете го 15-тина минути да се одмори.

Во подлабок сад загрејте масло ма средна температура (кај мене тоа е 3 од 6), а нивото на маслото нека биде 3 см за да може печивото убаво да се испржи.

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ

Додека се грее маслото, преполовете го тестото, па развлечете го прво едниот, а потоа и вториот дел, во кори со дебелина од еден прст. Сечете долгнавести ленти со големина по ваша желба.

Бидејќи е добро повеќе да не се додава брашно, тестото развлечете го на парче хартија за печење и нема да се лепи.

Мекиците пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па вадете ги во садот каде ќе ги покривате со крпа. Печивото има потемна нијанса поради ‘ржаното брашно, но нека ве грижи тоа.

Не е потребно да ги ставате на хартиена салветка да се цедат, бидејќи воопшто не задржуваат не задржуваат маснотија на себеси. Кратко изладете ги под крпата, па сервирајте ги. Идеални се со сирење, кајмак, павлака и млеко.

Фото и рецепт на Гордана Јакшиќ