ПОСНИ КОЛАЧИ ЗА 5 МИНУТИ: Ако имате 2 јаболка направете го овој десерт за кој не треба да вклучувате рерна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јаболка
2 супени лажици шеќер
250 г мелени бисквити
100 г мелени ореви
кокос за валање

ПОСТАПКА:

1.Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па заедно со шеќерот пропржете ги во сува тава 10-тина минути додека да омекнат и да испари вишкот течност.

2.Претурете ги во подлабок сад и додајте ги мелените бисквити и крупно мелените ореви. Замесете со рака додека целосно да се соединат состојките.

3.Кинете мали парчиња од смесата, обликувајте топчиња со големина на орев или по желба, па валајте ги во кокосово брашно. Постапката погледнете ја ОВДЕ.