Фотографија и рецепт на Александра Ивановиќ – Посни медењаци.

Го испробав рецептот на Ружица Глумац и медењаците излегоа навистина феноменални. Најдобрите кои досега сум ги пробала. Колку подолго стојат, толку се поубави. За мерење се користи шолја од 200 мл.

Потребни состојки: 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 2 кесички цимет, 1 шолја масло, 1 шолја мед, 1 шолја вода, 6 шолји брашно и 1 кесичка сода бикарбона

Постапка: во подлабок сад спојте ги прво течните состојки: водата и маслото. Додајте го шеќерот и мешајте додека тој да се раствори.

Потоа додајте го медот и повторно промешајте за да се раствори и соедини. Потоа следно ставете две кесички цимет, една кесичка сода бикарбона и постепено додавајте го брашното.

Кога на крај ќе ги соедините сите состојки, замесеното тесто оставете го да одмора на собна температура два часа.

Потоа правете топчиња со величина од орев, редете ги во плех обложен со хартија (на соодветно растојание) и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Од ова не може поедноставно..

Фотографија и рецепт на Александра Ивановиќ