Многу се вкусни, буквално се топат во уста. Фотографија и рецепт на Весна Несовановиќ
Потребни состојки: 500 г остро брашно, 200 мл масло, 200 мл пиво, малку сол, ½ прашок за печиво. И уште: 100 г остро брашно и 150 г мармалад за филување
За сируп: 300 г шеќер, 200 мл вода, 1 лимон – сок. За наросување: 150 г мелени ореви и 3 лажици шеќер
Постапка: Брашното измешајте го со прашокот за печиво и просејте ги во сад за матење. Додајте сол, масло и пиво, ма со миксер со маталки за тесто добро изматете го тестото (или измесете го рачно).
Тестото префрлете го на набрашнета површина и со раце добро измесете го да стане еластично.
Тестото поделете го на 4 топки. Јас добив тесто со вкупна тежина од 900 г и го поделив на топки од по 225 г.
Земете една топка и развлечете ја во круг околу 25 см и пресечете го на 16 триаголници. На секој триаголник ставете мала лажичка мармалад и виткајте во кифличка.
Тепсијата од рерна намастете ја со маргарин и густо редете ги кифлите во 7 редови по 9 парчиња во ред и уште една ставете каде ќе најдете место. Постапката повторете ја и со другите 3 топки тесто. Од оваа количина излегуваат 64 кифлички.
Печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени (рерна со вентилатор – вклучен долниот греач и вентилатор) и печете ги 20 минути со повремено вртење на тепсијата.
Додека се печат кифличките направете го сирупот од шеќер, вода и лимонов сок, кој треба да се вари на средна температура околу 20 минути со мешање.
Тепсијата со печените кифлички извадете ја од рерната и прелијте ги со приготвениот сируп, така да сите бидат убаво прелиени.
После 10 минути свртете ги кифличките за да може и горната страна да впие од сирупот. Оставете ги така да отстојат околу 20 минути. Мелените ореви измешајте ги со кристален шеќер и во чинија ставете по 2-3 лажици од таа мешавина.
Наросете ја тепсијата на една страна за да се слее сирупот, па секоја кифличка повлечете ја од сите страни низ сирупот.
Кога добро ќе се натопи, кифличката валкајте ја во мешавината од мелените ореви и кристал шеќерот. Редете ги на тацна за послужување.
Посни пивски кифли со џем од кајсии, прелиени со шербет и валкани во кокос: Многу вкусни кифлички кои се топат во уста.
Потребни состојки: 600 г брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл масло, 200 мл пиво и околу 200 г џем од кајсии или по желба. За сируп: 400 г шеќер, 10 г ванилин шеќер и 200 мл вода. И уште: 100 г кокос за валкање на кифлите
Постапка: брашното просејте го во сад за месење, па додајте прашок за печиво, масло и пиво. Замесете мазно тесто кое не се лепи. Нема потреба да го оставате да одмора, бидејќи не содржи квасец за да стасува.
Измесеното тесто веднаш поделете го на 8 делови, а потоа секој дел поделете го на 4 помали. Вкупно треба да добиете 32 парчиња.
Работната површина нема потреба да ја наросувате со брашно, бидејќи тестото не се лепи. Формирајте топчиња, а секое топче со оклагија развлечете го во овална кора.
Едната половина засечете ја повеќе пати, а на другата половина ставете малку џем, па свиткајте ја кифлата. Повторете ја постапката со преостанатото тесто.
Кифличките редете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да заруменат, околу 30-тина минути.
Во меѓувреме сварете сируп од вода, шеќер и ванилин шеќер. Варете го од моментот кога ќе зоврие, уште 10-тина минути. Печените и малку подизладени кифлички натопувајте ги во сирупот, па вадете ги со решеткаста лажица. Валкајте ги целите во кокосово брашно.
Кифлите се многу поубави откако ќе отстојат два-три дена, па ако сте во можност, темпирајте го времето кога ќе ги правите. Кифличките е најдобро да се чуваат во метална кутија за колачи. / Моје-буре
Мали, ровки и мирисни…Ја ставаш во уста, а таа се истопува…Ова се кифлички за кои сите мечтаеме! Најмеките, најбрзите и наједноставните! Ви откриваме два рецепти за приготвување на овие ровки кифлички. Не ви се потребни многу состојки, премногу се евтини.
РЕЦЕПТ 1 Посни кифлички. Потребни состојки: 300 мл масло, 150 мл врела вода (или газирана вода), 1 прашок за печиво и околу 500 г брашно. За валкање: околу 200 г шеќер во прав и 1 ванилин шеќер
Постапка: Вклучете ја рерната на 200 степени. Измешајте ја водата со маслото, ставете го и прашокот за печиво, промешајте и постепено додадете го прво со лажица, а потоа и со рака.
Добиеното тесто поделете го на 3-4 топчиња (јас го поделив на 2, па добив 16 поголеми кифли, ама помали се послатки). На набрашнета површина прво со рака формирајте сплескан круг, а потоа развлечете со оклагија.
Исечете ја кората на триаголници, на секој дел ставете по малку мармалад. Виткајте ги кифличките и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги веднаш да се печат додека малку да заруменат.
Ако тестото ви се разлистува, само притиснете со прстот тука-таму, па и онака кифлите се ровки кога ќе се испечат, шеќерот сè убаво ќе покрие.
Врелите кифлички валкајте ги во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Поубави се кога ќе изладат, повеќе крцкаат.
РЕЦЕПТ 2 Слатки кифлички со јогурт. Потребни состојки: 300 г брашно, 1 прашок за печиво, 20 г шеќер, 1 прстофат сол, 125 г растопен путер, 180 г јогурт, џем по избор или фил од јаболка, ореви, мак… и шеќер во прав за послужување
Постапка: во еден сад просејте го брашното и прашокот за печиво. Додајте шеќер и сол, па измешајте. Путерот растопете го на тивок оган. Тргнете го од оган и додајте го јогуртот кој малку ќе го разлади, па веднаш истурете го во брашнето.
Замесете го тестото со дрвена лажица. ТЕСТОТО НЕ СЕ МЕСИ, доволно е да се измеша колку да се поврзат состојките. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се олади, половина час. Тестото е меко, ама не се лепи.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Тестото поделете го на два дела. Врз обилно набрашнета работна површина секој дел развлечете го во што потенка кора со пречник од околу 38 см. Кругот поделете го на 12 триаголници или на 16 за помали кифли.
На почетокот од секој триаголник ставете по лажичка џем и свиткајте ја кифлата. За да не истече џемот, префрлете малку тесто од лева и десна страна преку џемот, па штом започнете со виткањето со прстите притиснете го тестото околу купчето со џем, за да се залепи тестото, а потоа свиткајте до крај.
Наредете ги во плехот и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 18-20 минути или до златножолта боја. Печените кифлички наросете ги со шеќер во прав. / Сoolinarika.сom