За да направите убави, вкусни и меки кифлички, а покрај тоа да бидат посни, постои еден мал трик за кој малкумина знаат. Без јајца и млеко кифличките може да си ги направите многу вкусни, меки како душа, и тоа од многу малку состојки. Покрај тоа, овие посни кифли се приготвуваат многу лесно и никој нема да забележи дека се направени само од брашно и вода.




Сите ќе помислат дека во нив има и јајца, млеко и други состојки со кои вообичаено се приготвуваат. Јас секогаш од овој рецепт подготвувам голема количина, па половината ги замрзнувам за кога ќе ми дојдат гости да ги послужам како предјадење.




Од другата половина можете да подготвувате разни ладни сендвичи, да ги јадете за појадок, ручек, ужина или вечера. Толку многу се меки и воздушести, за мене најубавиот рецепт, а за тие што постат се врв. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 25 г квасец, 50 мл масло, 200 мл вода, мајонез. ПОСТАПКА: Во мало вдлабнување во брашното ставете квасец, шеќер, сол, масло и со вода на собна температура. Замесете мазно тесто, средно меко, кое не се лепи.




Потоа намастете ја работната површина и намастете го тестото во облик на валјак. Од него откинете 5 топчиња, а остатокот повторно развлечете го во облик на валјак, па и него поделете го на пет помали топчиња. Тестото веднаш можете да го поделите на 6 или 7 топчиња, без вториот дел кој е прикажан во видеото како пример за уште еден начин на виткање на кифли.




Оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа сплескајте ги малку со рака и премачкајте ги со маргарин. Редете ги една преку друга. Последната кора не се премачкува со маргарин, туку само со масло. Оставете да отстои 10-тина минути да одморат. За тоа време може да ги приготвите обичните кифли од помалите топчиња.




Секое топче со оклагија развлечете го во долга овална и тенка кора, па свиткајте ја во обична пекарска кифла. Можете да ги наросите со шеќер за да добиете слатки кифли. Можете да ги засекувате на крајот, во средина или по ваш избор.




Отстојатата кора се развлекува со оклагија, се наросува со сусам и ленено семе, се превртува и се доразвлекува колку може потенко. Се сече на тенки триаголници кои се виткаат во кифли. Вака приготвените кифли се редат во плех намастен и обложен со хартија за печење.




Потоа секоја кифла премачкајте ја со „лајт” или посен мајонез. Со овој трик кифлите стојат и до три дена без да се исушат. Меки се како памук. Оставете ги кифлите да отстојат 1-1,5 час на собна температура, бидејќи тестото не е ферментирано, па потребно е да стасуваат.




Откако ќе се удвојат ставете ги во загреана рерна на 200 степени, па откако ќе почнат да се печат намалете веднаш на 180 и печете ги околу 20 минути. Извадете ги печените кифли и секоја полејте со по една лажица растопен маргарин. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.