Брзи, лесни и ммммм…со неодолив јафа вкус…без маснотии, идеални за летните денови. Од смесата моете да правите точиња, но и да ја ставате во калапи и да вадите разни форми. Исто така, оваа смеса може да ви послужи за приготвување на некој колач или како подлога за непечена чизкејк торта.

Потребни состојки: 300 г бисквити со вкус на какао, 150 мл сок од портокал, 1 ванилин шеќер, 2 големи лажици џем од кајсија, 1 ред чоколадо за готвење (50 г), рендана кора од портокал и 1 лажица мед

Постапка: бисквитите сомелете ги или добро иситнете ги, прелијте ги со сокот, промешајте, додајте мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо, па на крај додајте и ситно рендана кора од портокал.

Сите состојки добро промешајте ги додека да се соединат (најдобро со рака замесете ја смесата). Ставете ја во фрижидер да се стегне половина час па потоа обликувајте ги топчињата.

Додајте уште малку бисквити ако ви се чини смесата многу мека. Топчињата валкајте ги во мелени бисквити или по желба во чоколадо или какао во прав, мелени ореви/лешници/бадеми, во кокосово брашно, во чоколадни трошки или што и да сакате.

Тестото можете да го завиткате во фолија во некој калап па подоцна да го сечете, на пример во триаглеста „тоблероне“ форма, па да го сечете како ситни триаголничиња, исто така, може да употребите и друг вид на бисквити па да додадете 1-2 лажици какао за да го добиете тој вкус.

Исто така, по вкус можете да додадете уште чоколадо или шеќер ако сакате да ви биде поблага смесата, а топчињата да ги прелевате во растопено црно или бело чоколадо, па да правите и шари и декорации по ваш избор. Она што е најважно, оваа смеса е перфектно вкусна. / coolinarika.com

7 видови брзи колачи од една смеса: брзо се приготвуваат и превкусни се! Рецепт и видео презентација од “Слатките на Наташа” – 7 видови брзи колачи од една основна смеса.

Потребни состојки за основна смеса: 940 г мелени кекси, може петит, 320 г шеќер во прав, 400 мл млеко, 450 г путер или маргарин и 2 ванилин шеќер

Постапка: во длабок сад ставете 940 г мелени кекси и 300 г шеќер во прав и 2 ванилин шеќери. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Направете вдлабнување и продолжете да додавате 450 г растопен путер и 400 мл млеко. Убаво промешајте за да се соедини смесата. Најдобро е да се измеси. Потоа добиеното смеса поделете ја на 7 места по 300 г.

РОЛАТ СО КРЕМ БАНАНЧИЊА

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 50 г чоколадо за готвење, 3 чоколадни бананчиња и шеќер во прав за валкање на ролатот

Постапка: од основната смеса одземете 300 грамови и додадете 50 г растопено чоколадо. Промешајте со лажица или со рака. Добиената смеса поставете ја врз масна хартија и поклопете со уште еден лист. Малку притиснете со дланката и развлечете со оклагија. Со помош на линијар формирајте правоаголна кора.

Отстранете ја горната хартија, па на едниот крај од кората поставете три чоко-крем-бананчиња, па со помош на хартијата свиткајте го ролатот. Оставете го во фрижидер, а следниот ден валкајте го во шеќер во прав.

ТОПЧИЊА СО НАПОЛИТАНКИ И ЛЕШНИЦИ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 50 г наполитанки со лешници, 50 г пржени мелени лешници, 20 г чоколадо за готвење, пржени сечкани лешници за валкање на топчињата

Постапка: во 300 г основна смеса додадете 20 г растопено чоколадо, 50 г мелени наполитанки со лешници и 5о г мелени печени лешници. Состојките соединете ги. Со лажица црпете од смесата и формирајте топче . Секое топче валкајте го во мелени/сечкани лешници. Оставете ги во фрижидер да се оладат.

ТОПЧИЊА СО КОКОС И ЕУРОКРЕМ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 70 г кокос, 1 лажица рум, кокос за валкање на топчињата, двобоен еурокрем за декорација

Постапка: во 300 г основна смеса додадете 70 г кокос, една лажица рум. Состојките соединете ги, најдобро со рака. Со лажица црпете топчиња, формирајте топчиња и редете ги на масна хартија.

Секое топче со дршка од дрвена лажица или прст формирајте мало вдлабнување во средината во кое ќе се стави филот. Топчињата валкајте ги во кокос, вратете ги на тацна и ставете ги во фрижидер. Средниот ден филувајте ги со двобоен еурокрем.

КОЛАЧ СО ЈАФА КЕКСИ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 1 лист обланда, 40 г кокос и 9 парчиња јафа кекси

Постапка: во 300 г основна смеса додадете 40 г кокос и соединете со лажица или рака. Еден лист обланда пресечете го на половина. Половина од смесата распоредете ја врз обландата свртена со крупните коцки кон горе и израмнете.

Наредете 9 јафа кекси (ресани) врз смесата(6 цели и 3 половинки). Малку притиснете ги со дланката. Распоредете ја преостанатата смеса, израмнете и поклопете со обландата (со крупните коцки свртена кон долу) и притиснете. Оставете во фрижидер поклопено со некоја тежина.

ТРИАГОЛНИЦИ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 70 г мелени ореви, 100 г сечкани желе бонбони, растопено чоколадо со масло, заедно растопете го чоколадото за колачот со орео, па прво премачкајте ја пирамидата

Постапка: во 300 г основна смеса додадете 100 г ситно сечкани желе бонбони и 70 г мелени ореви. Состојките соединете ги со лажица или со рака. Добиената смеса распоредете ја врз масна хартија, па свиткајте ја и обликувајте ја во триаголници. Вака приготвениот ролат ставете го на тацна во фрижидер.

КОШНИЧКИ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 70 г кокос, калап за кошнички, шеќер во прав за калапот

Постапка: во 300 г смеса ставете 70 г кокос и соединете со рака или лажица. Калапите за кошнички обложете ги со шеќер во прав, па со смесата полнете ги приготвените калапчиња. Малку потчукнувајчте ги за да може смесата да излезе. Вака приготвените кошнички ставете ги во фрижидер.

КОЛАЧ СО ОРЕО КЕКСИ

Потребни состојки: 300 г основна смеса, 100 г кршени орео кекси, 150 г чоколадо за готвење, 3 лажици масло

Постапка: во 300 г основна смеса додадете 100 г кршени орео кекси. Убаво соединете со рака, па смесата истресете ја врз масна хартија. Формитајте правоаголник со дебелина по желба. Колачот оставете го во фрижидер.

Декорација: 150 г сечкано чоколадо прелијте го со 3 лажици масло и растопете го во микробранова печка или на пареа. Со помош на четка премачкајте го триаголникот и вратете го во фрижидер за да се стегне.

Колачот со орео кекси исто така прелијте го со растопеното чоколадо и оставете го во фрижидер да се стегне. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.