Здрави, брзи, посни, едноставни и евтини колачи кои се приготвуваат за многу кратко време.

Може да се послужат за секаква пригода. Потребни ви се само 3 состојки, а тоа се банани, чоколадо и ореви.

Постапка:

Бананата исечкајте ја на тркалца со 1 см широчина. Секое тркалце со виљушка потопете го во растопено чоколадо, па извалкајте го во ситно дробени ореви (ставете ги во најлон кеса, па со тврд предмет истолчете ги).

Добиените колачиња оставете ги неколку часа во фрижидер да се стегнат.

За една банана ви се потребни околу половина чоколадо за готвење и една шака ореви.